Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch GCM 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
OBJ_BUCH-1600-004.book Page 308 Wednesday, June 10, 2015 11:25 AM
308 | Македонски
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9, EN 60825-1.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 10.06.2015
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран
лист за пилата
– Вреќичка за прав 1
– Адаптер за вшмукување 2
– Столарска стега 40
– Внатрешен шестаголен клуч 17
– Држачот за заштита од превртување 44 со сетот за
прицврстување 47 (2 завртки со внатрешна
шестаголна глава, 2 подлошки)
1 609 92A 1CJ | (10.6.15)
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтирање на држачот за заштита од
превртување (види слика A1)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување 44.
За монтажа користете го сетот за прицврстување „Држач
за заштита од превртување" 47.
– Вметнете го држачот за заштита од превртување 44 во
предвидените отвори на основната плоча, додека не се
израмнат навојните отвори на држачот за заштита од
превртување и основната плоча.
– Ставете ги подлошките 47 на завртките 47 и
прицврстете го држачот за заштита од превртување 44
со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) 17.
 Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот апарат нема да биде стабилен и може да
се преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слики A2–A3)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 8.
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот апарат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis