Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 305

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
OBJ_BUCH-1600-004.book Page 305 Wednesday, June 10, 2015 11:25 AM
 Користете го електричниот уред само доколку на
работната површина до делот што се обработува
нема алати за подесување, дрвени струготини итн.
Малите дрвени парчиња или другите предмети, кои
доаѓаат во контакт со ротирачкиот лист на пила, може
да летнат кон корисникот со голема брзина.
 Одржувајте го подот чист, без дрвени струготини и
остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се
сопнете.
 Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
 Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
 Ласерско зрачење
Не посматрајте директно со
оптички инструменти
Класа на ласер 1M
Bosch Power Tools
Ознаки и нивно значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
 Секогаш поставувајте
ги правилно
продолжетоците за
масата за пила, за да
може ги поставите или
потпрете долгите
парчиња на слободниот
крај. Деловите за
обработка коишто не се
добро поставени на
подлогата може да се
превртат за време на
сечењето. Ова може да
доведе до повреди или
оштетувања на
електричниот уред.
Македонски | 305
1 609 92A 1CJ | (10.6.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis