Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita ML005G Betriebsanleitung Seite 136

Akku-baustrahler led
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 14
10. Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата.
• Пред да ја користите касетата на батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
предупредување за (1) полначот на батерии,
(2) батеријата и (3) производот што користи батерии.
• Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте касетата
на батеријата. Тоа може да предизвика пламен,
преголемо загревање или експлозија.
• Ако времето на работење станало многу кратко,
веднаш престанете со работењето. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
• Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете
ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска
помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
• Не скратувајте ја касетата на батеријата.
• Не складирајте и користете го апаратот и касетата
на батеријта на места каде што температурата
може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).
• Немојте да ја заковувате, сечете, кршите,
фрлате или удирате касетата на батеријата од
тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен,
преголемо загревање или експлозија.
• Не користете оштетена батерија.
• Содржаните литијум-јонски батерии подлежат на
законските барања за опасни материи.
За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни,
агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните
барања за пакување и еткетирање. За подготовка на
предметот којшто се испорачува, потребна е консултација
со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте
ги и евентуално подеталните национални регулативи.
Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените
контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што
нема да може да се движи во пакувањето.
• Користете ги батериите единствено со производите одредени
од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни
производи може да резултира со пожар, прекумерна
топлина, експлозија или истекување на електролитот.
• Ако алатот не се користи подолг временски период,
батеријата мора да се отстрани од него.
• За време на употребата и после употребата,
касетата на батеријата може да поприми топлина
која може да предизвика изгореници. Внимавајте
кога ги допирате загреаните касети на батериите.
• Не допирајте го терминалот на касетата веднаш по
употреба бидејќи може да биде толку загреан што
ќе ви предизвика изгореници.
• Не дозволувајте деланки, прав или нечистотија да
навлезе во трминалите и отворите на касетата на
батеријата. Тоа може да предизвика слаби перформанси
или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
• Освен ако уредот не е наменет за употреба
во близина на високонапонска струја, не ја
користете касетата на батеријата во близина на
високонапонска струја. Тоа може да предизвика
лошо функционирање или расипување на уредот
или на касетата на батеријата.
• Чувајте ја батеријата подалеку од деца.
11. Совети за одржување на максималниот рок на
траење на батеријата.
• Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни.
Секогаш запрете го работењето на алатката
и наполнете ја касетата на батеријата, кога ќе
забележите помала моќност на алатката.
• Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата.
Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.
• Касетата на батеријата полнете ја на собна температура
на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето
оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.
• Кога не ја користите касетата на батеријата,
извадете ја од уредот или од полначот.
• Наполнете ја касетата на батеријата ако не
планирате да ја користите подолг временски
период (повеќе од шест месеци).
ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita
батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии,
или батерии што биле изменети, може да резултира со
пукање на батеријата што ќе предизвика пожар, лични
повреди и оштетувања. Тоа исто така ќе ја поништи
Makita гаранцијата за Makita алатот и полначот.
Зачувајте ги сите предупредувања
и упатства за во иднина.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен
и касетата на батеријата е отстранета, пред да ја
прилагодите или проверите функцијата на апаратот.
Инсталирање или отстранување на
касетата на батеријата
ВНИМАНИЕ:
• Држете ги цврсто апаратот и касетата на
батеријата, кога ќе ја инсталирате или
отстранувате касетата на батеријата.
Неисполнувањето на условот за цврсто држење на апаратот
и касетата на батеријата, може да предизвика нивно
лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на
апаратот и касетата на батеријата и лична повреда.
• Внимавајте да не го ставите прстот(ите)
помеѓу апаратот и касетата на батеријата при
вметнувањето на касетата на батеријата, како
и помеѓу апаратот и капакот на батеријата, при
затворањето на капакот на батеријата.
За да ја инсталирате касетата на батеријата,
ослободете ја бравата на капакот и отворете го
капакот на батеријата. (Fig. 1)
Вметнете ја касетата на батеријата. Порамнете го јазичето на
касетата на батеријата со жлебот на куќиштето и поставете
ја на своето место. Вметнете ја целосно, сė додека не легне
на своето место и не се чуе мало кликнување. Ако можете да
го видите црвениот индикатор на горната страна од копчето,
тогаш таа не е целосно заклучена на своето место. Потоа
затворете го капакот на батеријата.
За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете ја од алатката
додека го лизгате копчето на предната страна од касетата. (Fig. 2)
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш монтирајте ја касетата за батерија
целосно на место. Ако не постапите така, таа може
случајно да испадне од апаратот, предизвикувајќи
повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.
• Немојте со сила да ја инсталирате касетата на
батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне
лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.
136 Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis