Herunterladen Diese Seite drucken

Ce-Ознака; Користење; Вклучување На Производот; Подесување На Зададената Температура - Vaillant electronicVED lite VED E 11­13/1 L U Betriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für electronicVED lite VED E 11­13/1 L U:

Werbung

3.4
CE-ознака
Со CE-ознаката се документира, дека производите ги ис-
полнуваат сите основни барања на соодветните регула-
тиви според Изјавата за сообразност.
Изјавата за сообразност може да ја погледнете кај произ-
водителот.
4
Користење
4.1
Вклучување на производот
Опасност!
Опасност од попарување поради врела
вода
За време на употреба, температурата на
топлата вода може да изнесува 70 °C и
повеќе. На температура на топла вода од
43 °C постои опасност од попарување.
Инсталатерот мора да ја активира заш-
титата од попарување за ограничување
на температурата на топла вода со цел
да се избегне каков било ризик од попа-
рување, особено при работење со про-
изводот со туш. (→ Страна 131)
Вклучете го производот дури по целосно затворање
на облогата.
Отворете ја славината за вода одн. активирајте го
сензорот на славината за вода со инфрацрвена де-
текција. Грејниот елемент за топла вода стартува ав-
томатски.
Минималната количина на проток потребна за старту-
вање на грејниот елемент може да ја дознаете во тех-
ничките податоци во упатството за инсталација.
4.2
Подесување на зададената температура
Производот може да се подеси во контролна граница од
20 °C до 60 °C.
0020323586_00 Упатство за користење
4.3
Зголемување на температурата на вода
Состојба: Иако арматура-славината е поставена на максимална темпе-
ратура, температурата на водата ви е прениска.
Намалете го протокот на арматура-славината.
4.4
Намалување на температурата на водата
Состојба: Иако арматура-славината е поставена на минимална темпе-
ратура, водата е прежешка.
Зголемете ја количината на проток на арматура-сла-
вината или зголемете ја количината на ладна вода.
5
Поправка на пречки
Опасност!
Опасност по живот поради непрописна
поправка
Ако кабелот за мрежен приклучок е
оштетен, тогаш во никој случај не го
заменувајте самостојно.
Обратете се кај производителот, кај
сервисната служба или кај слично ква-
лификувана личност.
Опасност!
Опасност од струен удар
При пречки или протекувања постои опас-
ност од струен удар.
Заземјете го производот.
Во случај на пречка, исклучете го прои-
зводот со помош на инсталираниот се-
паратор на самото место (на пр. осигу-
рувачи или прекинувач за јачина).
Не го допирајте производот, дури и кога
не е под напон, бидејќи содржи конден-
затори кои можеби не се целосно ис-
празнети.
При протекување на уредот веднаш
затворете го доводот на ладна вода.
Оставете пречката да ја поправи
само сервисна служба или овластено
стручно лице.
Поправете ги пречките со помош на табелата во при-
лог. (→ Страна 121)
Ако не можете да ја поправите пречката, тогаш обра-
тете се кај вашето овластено стручно лице.
119

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading