Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Главна Тв Операција; Поставување На Родителска Заштита; Водич За Електронско Програмирање - Hitachi 32HE3300 Bedienungsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 35
Главна ТВ операција
Користење на списокот на канали
Телевизорот ги сортира сите канали во Листа
со канали. Може да го уредувате овој список на
канали, да поставувате омилени или да поставувате
активни станици што ќе бидат наведени со помош
на опциите „Список на канали". Притиснете го
копчето OK за да се отвори списокот канали.
Може да ги филтирате наведените канали или да
правите напредни измени во тековниот список со
опциите на картичкиФилтер и Уреди. Селектирајте
ја картичката што ја сакате и притиснете ОК за да
ги видите достапните опции.
Забелешка: Не се достапни командите Премести,
Избриши или Измени име во менито Измени список на
канали за канали што се емитуваат од M7-оператор.
Управување со списокот на омилени
Можете да направите четири различни списоци
на вашите омилени канали. Влезете во менито
ТВ>Канали или притиснете го копчето OK за
да го отворите менито Канали. Селектирајте
ја картичката Уреди и притиснете OK ок за да
ги видите опциите за уредување и изберете ја
опцијата Означи/Отстрани ознака. Изберете го
саканиот канал на списокот со притискање на
копчето ОК додека е селектиран каналот. Може
да направите повеќекратен избор. Може да ја
користите и опцијата Означи/Отстрани ознака
за да ги изберете сите канали на списокот. Потоа
притиснете го копчето Назад/Врати се за да се
вратите на опциите на менито Уреди. Изберете ја
опцијата Снимај и повторно притиснете на копчето
OK. Ќе бидат прикажани опциите за списокот на
омилени канали. Поставете ја саканата опција за
списоци на Вклучено. Избраниот канла/избраните
канали ќе бидат додадени на списокот. За да
отстраните канал или канали од списокот омилени,
следете ги истите чекори и поставете ја саканата
опција за списокот на Исклучено.
Можете да ја користите функцијата филтер во
менито Канали за да ги филтрирате каналите на
списокот канали засекогаш во согласност со тоа
што го претпочитате. Со опцијата филтер можете
да поставите еден од своите четири омилени
списоци да се прикаже секојпат кога ќе се отвори
списокот канали.
Поставување на родителска заштита.
Опциите од менито Родителски поставки може да
се користат за да се спречи корисниците да гледаат
определени програми, канали или да корисат
менија. Овие подесувања се лоцирани во менито
Поставки>Систем>Родителски.
За да се прик ажат опциите на менито за
заклучување од родителите, треба да се внесе
ПИН-број. По внесувањето на точниот ПИН-број, ќе
се прикаже менито Родителски поставки.
Заклучување на менито: Oваа поставка го
активира или го декативира пристапот до сите
менија или менија за инсталација на ТВ-уредот.
Заклучување за возраста: Ако е поставена оваа
опција, ТВ-уредот добива информации за возраста
од преносот, а ако е деактивирано за таа одредена
возраст, го деактивира пристапот до преносот.
Забелешка: Ако опцијата за земја во „Прва инсталација„
е поставена на Франција, Италија или Австрија,
вреднбоста на заклучувањето за возраста ќе биде
поставена на 18, како стандардна вредност.
Заклучување за деца: Ако оваа опција е поставена
на „вклучено", ТВ-уредот може да се контролира
само преку далечински управувач. Во овој случај,
нема да функционираат копчињата за контрола
на ТВ-уредот.
Поставете ПИН: Го дефинира бројот PIN.
Стандардни вредности за ПИН-бројот на CICAM:
Опцијата ќе се појави како посивена ако не се внесе
ЗИ-модул во отворот за ЗИ на ТВ-уредот. Можете
да ја смените стандардната вредност на ПИН на
CI CAM со оваа опција.
П И Н Н А Т В - У Р Е Д О Т ( * ) : С о а к т и в и р а њ е
и деактивирање на оваа опција можете да
дозволите или да забраните некои канали на М7-
оператори да испраќаат ПИН-барања. Овие ПИН-
барања претставуваат механизам за контрола на
пристапит за соодветните канали. Ако оваа опција
е активирана, не може да се пристапи до каналите
што праќаат ПИН-барања без да се внесе прво
точниот ПИН.
(*) Оваа опција на менито ќе стане достапна само ако
се направи инсталација на M7-оператор.
Забелешка: Стандардната вредност на ПИН-бројот
може да се постави како 0000 или 1234. Ако имате избран
ПИН (се бара во зависност од изборот на земја) при
првичното инсталирање користете го ПИН-бројот
што го имате избрано.
Некои опции може да не се достапни во зависност од
моделот и/или од изборот на земјата при првата
инсталација.
Водич за електронско програмирање
Со функцијата електронски програмски водич
на вашиот ТВ-уред, може да го прегледувате
распорредот на тековно инсталираните канали на
вашиот список на канали. Зависи од конкретното
емитување дали оваа одлика е поддржана или не.
За да пристапите до програмскиот водич,
притиснете го копчето Водич на далечинскиот
управувач. Може да ја користите и опцијата Водич
во менито ТВ.
Македонски - 25 -

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis