Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm WEM1035 Originalbetriebsanleitung Seite 142

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
5. Сервис и одржување
Проверетe дали е апаратот
исклучен од струја пред одржување.
Оваа машина е конструирана да работи долг
период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Дефект
Ако машината не функционира правилно,
можните причини и соодветните решенија се
дадени подолу:
Апаратот не работи.
Заземјениот терминал нема добар контакт
со работното парче.
Електродата не е правилно поставена во
држачот.
Термичката контрола е исклучена или е
скршена термичката заштита.
Дефектен осигурувач (во мерна кутија).
Дефектен кабел.
Прекинувачот е дефектен/контактирајте го
продавачот.
Електродата продолжува да се „лепи" на
работното парче.
Користете вистински тип на електрода
(универзална)
Јачината на струјата е прениска/свртете го
копчето 3 надесно
Електродата е портокалово-црвена боја.
Јачината на струјата е премногу висока за
овој тип на електрода/свртете го копчето 3
налево
Електродата претерано прска и прави
многу бучава за време на заварувањето.
Јачината на струјата е превисока/свртете го
копчето 3 налево
Машината е многу топла; свети
индикаторската светилка.
Затнати се отворите за ладење /исчистете
ги со сува крпа; Почекајте неколку минути
додека светлото не се изгасне.
Поправките и сервисирањето треба
да ги изведува само квалификувано
лице или сервис.
142
Чистење
Отворите за вентилација да бидат
ослободени од прашина и нечистотија.
Користете мекана крпа, навлажнета со
вода со сапуница, за отстранување на
тврдокорните нечистотии. Не користете
растворувачи како бензин, алкохол или
амонијак итн.
Осигурајте се дека држачот на електродите
и заземјениот приклучок се без коризија, за
да можат да прават добар електричен
контакт.
Редовно проверувајте ги каблите дали се
цврсто поврзани
Подмачкување
Машината не треба дополнително да се
подмачкува.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот од
гарантната картичка. На позадината на
упатствово ќе најдете експозиционен преглед
со прикажани делови кои можат да се нарачаат.
Животна средина
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги
користите опциите за рециклирање на
амбалажата.
Дефектни и/или отфрлени
електрични или електронски
апарати треба да се собираат на
соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
Гаранција
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.

Werbung

Kapitel

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis