Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm WEM1035 Originalbetriebsanleitung Seite 140

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
4. Ракување
Пред користење:
a. Општи информации за електролачно
заварување
b. Електрода
c. Заштитна облека
d. Заштита на лицето
e. Работна околина
a. Општи информации за електролачно
заварување
Температурата на лакот изнесува околу 7000°C,
така што врвот на електродата и работното
парче се топат. Колку подолго се одржува лакот,
електрода ќе се топи и ќе се нанесува потребен
материјали за заварување на деловите кои
треба да се спојат. Растојанието меѓу
електродата и работното парче мора да биде
што е можно помало (приближно 1.5 - 4 mm) во
зависност од пречникот и видот на електродата.
Потребната струја за заварување се доставува
од апаратот за заварување. Колку ќе биде
голема моќноста на апаратот, зависи од
потребната работа. Проверете дали се целосно
суви електродите, зашто влажна електроди
предизвикува проблеми. Ако електродата се
лепи на работното парче, потребно е да се
намали јачината на струјата.
b. Електрода
Електродите се состојат од обложено
метално јадро. Обложувањето ја има
најважната улога при заштита на
заварувањето од кислородот и азотот од
воздухот. Електродата се топи во текот на
заварувањето. Дел од облогата испарува,
со што се создава гасовит заштитен слој.
Дел од облогата плива во заварувачка бања
(материјалот е полесен од челикот) и го
штити изладениот шев. Откако ќе се
излади, овој слој станува тврда, лесно
отстранлива згура од заварениот спој.
Ракувајте грижливо со електродите, за да
не ја скршите облогата. Бидете сигурни
дека електродите се целосно суви, така
чувајте ги на суво место.
Од големо значење е да се користи
исправна електрода за да се направи добар
и силен заварен спој. Универзалните
електроди многу често ќе бидат погодни за
вашата работа. На пакувањето на
електродите е наведено во кои положби
може да се заварува (над главата, надолу
140
итн. со оглед на брзината на топењето на
електродата). Одредени електроди се
комерцијално достапни за заварување на
нерѓосувачки челици и леано железо.
Консултирајте го вашиот продавач за
порачување на вистински електроди.
c. Заштитна облека
Носете целосно покривна облека, за да биде
минимизирана можноста за изгореници на
кожата од ултравиолетово зрачење или
прскање на метал.
По можност носете памучни панталони со
прерамки, ракавици за заварување и заштитни
чевли. Уверете се дека искрите од
заварувањето не можат да завршат во
ракавиците или чевлите.
Престилката за заварување (кожна) го штити
комбинезонот од горење.
d. Заштита на лицето
Сл. 2
Користите добра маска за заварување, со
(темно) стакло за заварување и заштитно
стакло. Проверете дали двете стакла се
правилно наместени (добро прицврстени и не
дозволуваат навлегување на сончева
светлина). Маската за заварување штити од
зрачење, топлина и искри од заварување за
време на заварување. Исто така го намалува
вдишувањето на гасовите. Невидливите
ултравиолетови зраци предизвикуваат тн.
„заварувачки блесок". Тој потекнува од неколку
секунди гледање во електричниот лак.
Избегнете го ефектот од ова зрачење и од
високите температури на лицето и другите
изложувања на делови од телото, како што се
вратот и рацете. Заштитете се од опасните
ефекти од електричниот лак и задржете ги
лицата кои не учествуваат во работата на
најмалку 15 m од лакот. Лица или помошници
кои работат во близина на електричниот лак
мора да се советувани за опасностите и тие
мора да бидат опремени со потребната
заштитна опрема. Ако е потребно, поставете
заштитни ѕидови.
e. Работна околина
Обезбедете добро проветрена работна
средина. Гасовите кои се ослободуваат при
заварување се опасност по вашето здравје.
Отстранете ги сите запаливи предмети од
работната средина.
Заварувањето предизвикува искри и жежок

Werbung

Kapitel

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis