Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 80 SJ Professional Originalbetriebsanleitung Seite 250

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 80 SJ Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
250 | Македонски
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика P)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (24) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (5).
Подесување
– Олабавете ја завртката (45) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Транспорт (види слика Q)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (11), доколку
таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење (4) странично на масата за сечење (22).
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (20).
1 609 92A 5UB | (22.10.2020)
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со сечило за пила специјално развиено за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на сечила за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот
алат
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Ќеса за прав
Сечила за пила за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm, 48
запци
Сечила за пила за пластика и неметали
Сечило за пила 216 x 30 mm, 80
запци
Сечила за пила за сите видови ламинатни подови
Сечило за пила 216 x 30 mm, 60
запци
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Број на дел/
артикл
1 609 B04 224
1 609 B05 242
1 609 B05 010
2 608 640 641
2 608 640 447
2 608 642 133
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis