Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC251 Betriebsanleitung Seite 158

Akku-moniereisenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC251:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 39
Електрична безбедност
1.
Електричните приклучоци на електричните
алати треба да одговараат на штекерот.
Никогаш и никако не менувајте го
електричниот приклучок. Не користете
електрични приклучоци-адаптери
со заземјени електрични алати.
Немодифицираните електрични приклучоци и
соодветните штекери го намалуваат ризикот од
електричен удар.
2.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки,
радијатори, шпорети и фрижидери. Постои
зголемен ризик од електричен удар ако вашето
тело е заземјено.
3.
Не изложувајте ги електричните алати на
дожд или на врнежливи услови. Ако вода
влегува во електричниот алат, тоа го зголемува
ризикот од електричен удар.
4.
Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење
или за исклучување на електричниот алат.
Кабелот држете го настрана од топлина,
масло, остри агли или подвижни делови.
Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат
ризикот од електричен удар.
5.
Кога го користите електричниот алат
на отворено, користете кабел наменет
за отворен простор. Ако користете кабел
соодветен за отворен простор, се намалува
ризикот од електричен удар.
6.
Ако мора со електричниот алат да работите
во влажен простор, користете заштитен
уред за диференцијална струја (RCD),
заштитена серија. Ако користите заштитен
уред за диференцијална струја, се намалува
ризикот од електричен удар.
Лична безбедност
1.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очите. Заштитната опрема,
како на пример маска за прав, заштитни чевли
што не се лизгаат, тврда капа или заштита за
слухот, што се користи за соодветни услови, ќе
ги намали физичките повреди.
2.
Ако има уреди за поврзување на делови за
извлекување и собирање прав, проверете
дали тие се правилно поврзани и дали се
користат соодветно. Ако користите уред
за собирање прав, може да ги намалите
опасностите што може да ги предизвика
правот.
3.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали операторите
со алатот и другите лица во непосредната
работна околина носат соодветна безбедносна
заштитна опрема.
Користење и грижа за електричниот алат
1.
Не форсирајте го електричниот алат.
Користете правилен електричен алат
за конкретната примена. Со правилниот
електричен алат, подобро и побезбедно ќе ја
завршите работата, како и со предвидената
брзина.
2.
Не користете го електричниот алат ако
не можете да го вклучите и исклучите со
прекинувачот. Ако електричниот алат не може
да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е
опасен и мора да се поправи.
3.
Исклучете го електричниот приклучок од
електричниот извор и/или извадете ги
батериите од електричниот алат пред да
правите измени, да менувате додатоци,
како и пред да ги складирате електричните
алати. Овие превентивни безбедносни мерки
ќе го намалат ризикот електричниот алат да
почне да работи случајно.
4.
Користете ги електричниот алат, додатоците
и длетата на алатот, итн. во согласност
со овие упатства, земајќи ги предвид
работните услови и работата што треба да
се изврши. Ако го користите електричниот
алат за работи различни од оние за кои тој е
наменет, може да ве доведе во опасност.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда и пожар.
158 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis