Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC251 Betriebsanleitung Seite 157

Akku-moniereisenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC251:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 39
7.
Не злоупотребувајте го кабелот на полначот.
·
Никогаш не користете го кабелот за носење,
влечење или за исклучување на електричниот
алат.
·
Кабелот држете го настрана од топлина, масло,
остри агли или подвижни делови.
·
Проверете дали кабелот се наоѓа на место
каде што нема да се нагазува, прескокнува
или на друг начин да биде подложен на
оштетување или нагмечување. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од
електричен удар или пожар.
8.
Не пресегајте предалеку.
·
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со
нозете цело време. Ова овозможува подобра
контрола на електричниот алат во неочекувани
ситуации.
9.
Одржувајте ги електричните алати.
·
Одржувајте ги алатите за сечење остри и
чисти. Правилно одржувани алати за сечење,
со остри сечила, помалку е веројатно дека
ќе се заглават и полесно се контролираат.
Оштетените сечила може да предизвикаат
телесна повреда.
·
Рачките нека бидат суви, чисти и без масло
и маснотии. Лизгавите рачки може да
предизвикаат телесна повреда.
·
Редовно проверувајте го електричниот кабел
на полначот. Оштетен електричен кабел ќе го
зголеми ризикот од електричен удар и краток
спој што би довело до пожар.
10. Отстранете ги клиновите или клучевите
за нагодување пред да го вклучите
електричниот алат.
·
Ако оставите клин или клуч во ротирачкиот
дел од електричниот алат, може да дојде до
физичка повреда.
11.
Кога го полните на отворено, користете
флексибилен изолиран кабел или
продолжен изолиран кабел.
·
Користете го само приборот или додатоците
опишани во ова Упатство за употреба и во
каталогот на Makita. Користењето какви било
други додатоци или прибор може да резултира
со несреќа или повреда.
12. Бидете внимателни, гледајте што правите
и размислувајте разумно кога работите со
електричниот алат.
·
Не користете го електричниот алат кога сте
уморни или кога сте под дејство на дрога,
алкохол или на лекови. Момент на невнимание
додека работите со електричниот алат, може
да предизвика сериозна физичка повреда.
13. Проверете дали има оштетени делови пред
употребата.
·
Проверете дали се скршени или оштетени
безбедносните капаци и другите делови што
може да влијаат на функцијата на алатите. Ако
се оштетени, заменете ги или поправете ги
пред употреба.
·
Проверете дали подвижните делови се
изместени или заглавени, скршени или во
некоја друга состојба што може да влијае
врз работењето на електричниот алат. Ако е
оштетен, поправете го електричниот алат пред
да го користите. Многу незгоди се случуваат
поради слабо одржувани електрични алати.
·
Не користете оштетен продолжен кабел.
Ако е оштетен, заменете пред употребата.
Употребата на оштетен продолжен кабел ќе го
зголеми ризикот од електричен удар и краток
спој што би довел до пожар.
·
Не користете го полначот ако кабелот или
приклучокот за напојување се оштетени или
ако паднале, или пак се оштетени на каков
било начин. Оштетен полнач ќе го зголеми
ризикот од електричен удар и краток спој што
би довел до пожар.
·
Не користете го електричниот алат ако
не можете да го вклучите и исклучите со
прекинувачот. Ако електричниот алат не може
да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е
опасен и мора да се поправи.
·
Следете ги упатствата за подмачкување и
замена на додатоците.
·
Извадете ја батеријата од електричниот алат
пред да правите какви било нагодувања или
замена на додатоците. Овие превентивни
безбедносни мерки ќе го намалат ризикот
електричниот алат да почне да работи
случајно.
14. Вашиот електричен алат сервисирајте го
кај квалификувано лице за поправки, кое
користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека електричниот
алат и понатаму е безбеден.
·
Не расклопувајте ги ниту изменувајте ги
батеријата и полначот.
·
Овој електричен алат е дизајниран во
согласност со прописите за безбедност. Не
изменувајте го електричниот алат.
·
Ако електричниот алат се прегрее или ако се
забележат какви било други невообичаени
симптоми, истиот треба да се сервисира.
·
Не дозволувајте неовластено лице да го
поправа алатот, бидејќи тоа може да ја
компромитира безбедноста на алатот и да
резултира со несреќа и телесна повреда.
15. Не работете со електричните алати во
експлозивни атмосфери, на пример, ако
има запаливи течности, гасови или прав.
Електричните алати искрат и можат да ги
запалат правот или испарувањата.
157 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis