Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Отстранување На Пречки - Bosch PFS 1000 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PFS 1000:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
196 | Македонски
боја. Правилното чистење е предуслов за
беспрекорна и безбедна работа на пиштолите за
прскање. При недостиг или нестручно чистење не
важи правото на гаранција.
Чистење на филтерот за воздух (види слика J)
Филтерот за воздух (26) мора да се исчисти повремено.
Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се
замени.
– Отворете го поклопецот за филтерот за воздух (23).
– Извадете го филтерот за воздух (26).
– Лесна нечистотија:
Тропнете го филтерот за воздух (26).
или
Тешка нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух (26) под истечна
вода и оставете го добро да се исуши, за да го
избегнете создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух (26).
– Повторно ставете го филтерот за воздух.
– Повторно затворете го поклопецот на филтерот за
воздух (23).
Чистење на системот за фино прскање (види слика K)
Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за
прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување (раствор или вода) за користениот
материјал за прскање.
Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
– Исклучете ја основната единица (19).
– Од основната единица (19) како и од пиштолот за
прскање (1) извадете го цревото за вентилација (17)
(со четвртина вртење на бајонет-завртката (18) во
правец спротивен на стрелките на часовникот;
извлечете ја бајонет-завртката (18) од приклучокот
(4)/(24)).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ја настрана основната единица (19) и цревото
за вентилација (17) од непосредното место на
чистење.
– Притиснете го контролниот прекинувач (6) на
пиштолот за прскање, за да може материјалот за
прскање да се врати во резервоарот.
– Одвртете го резервоарот (7) и испразнете го
преостанатиот материјал за прскање назад во
амбалажата со оригинален материјал за прскање.
– Наполнете го резервоарот (7) до половината со
средство за разредување (раствор или вода) и
повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
– Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
– Одвртете го резервоарот (7) и целосно испразнете го
во празна лименка.
1 609 92A 58F | (12.11.2019)
– Демонтирајте ја навртката за осигурување (3),
капачето за вентилација (2), дихтунг-подлошката (11),
употребеното капаче со млазница (9)/(8) со O-
прстенот (10) и цевката за всисување (12) со
дихтунгот на садот (14).
Проверете дали O-прстенот (10) е на капачето со
млазницата.
– Во една кофа со средство за разредување исчистете
ги сите делови што спроведуваат боја со вообичаена
четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (16) на
пиштолот за прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (12) со
дихтунгот на резервоарот (14) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот
(14) уште еднаш со средство за разредување.
– Исчистете го отворот за вентилација (15) со соодветен
предмет.
– Исчистете го резервоарот и пиштолот за прскање
однадвор со крпа натопена во средство за
разредување.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (14) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување (12).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување (12) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја (16).
Депонирање на материјалот
Средствата за разредување и остатоците од материјал за
прскање мора да се отстранат на еколошки начин.
Внимавајте на упатствата на производителот за
депонирање и месните прописи за посебно депонирање
на отпадот.
Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на
земјата, во подземни води или во површински води.
Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте
во канализација!
Складирање
– Пред да го складирате прстенот за фино
распрскување, исчистете го темелно и оставете ги
сите делови добро да се исушат пред да ги монтирате.
Ако системот за фино прскање не се користи, се користи
гумена лента заедно со клинот на основната единица (19)
како практична опција за складирање на цревото за
воздух (17) (види слика ).
Отстранување на пречки
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Pfs 2000

Inhaltsverzeichnis