Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Опасности При Користењето И; Чување На Електричниот Алат - Makita SG150 Bedienungsanleitung

Diamantfräsen
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SG150:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 47
МК
Држете го уредот само за изолираните
површини на држачите кога изведувате
работи при кои работниот алат може да
удри во скриени електрични проводници
или во сопствениот кабел за струја.
Допирот со електричен кабел под напон ќе
ги стави под напон и металните делови на
уредот и може да предизвика струен удар.
кабелот за струја држете го подалеку од
ротирачкиот работен алат.
Доколку загубите контрола врз уредот,
кабелот за струја може да биде прекинат
или зафатен, а Вашата дланка или рака да
дојде во контакт со ротирачкиот работен
алат.
никогаш не оставајте го електричниот алат
пред целосно запирање на работниот алат.
Работниот алат што се врти може да дојде
во допир со подлогата, при што може да ја
загубите контролата врз електричниот
алат.
електричниот алат не смее да работи
додека го носите.
Вашата облека може да биде зафатена при
случаен допир со ротирачки работен алат,
а работниот алат да се заринка во Вашето
тело.
Работните алати при вклучена машина не
смеат да се допираат и насочуваат кон свои
или туѓи делови на тело.
2.6.5 Опасности при користењето и
чување на електричниот алат
користете само дијамантски дискови за
суво сечење за Вашиот електричен алат.
Прицврстувањето прибор на Вашиот
електричен алат не гарантира безбедна
употреба.
Дозволениот број на вртежи на работниот
алат мора да биде најмалку толку висок,
како што е максималниот број на вртежи
наведен на електричниот алат.
Приборот што ротира побрзо од
дозволеното може да се скрши и разлета.
Дијамантските дискови за суво
сечење смеат да се користат само
за препорачаните цели на примена.
на пример, никогаш не смее да се струга со
страничната површина на дијамантскиот
диск за суво сечење.
Дијамантските дискови за суво сечење се
предвидени за отстранување материјал со
работ на дискот. Страничното влијание на
сили може да ги скрши овие брусни тела.
| 206 |
замената на работниот алат треба да се
изврши грижливо и само со беспрекорен
монтажен алат што е предвиден за тоа.
Пред да почнете со замената на работниот
алат, извлечете го приклучникот за струја.
Со помош на предвидениот монтажен
алат ќе избегнете оштетувања на
електричниот и работниот алат.
користете само неоштетен монтажен
материјал со пропишана големина за
дијамантскиот диск за суво сечење што сте
го одбрале.
Соодветен монтажен материјал го потпира
дијамантскиот диск за суво сечење и со тоа
ја намалува опасноста од кршење на дискот.
надворешниот пречник и дебелината на
работниот алат мора да соодветствува на
димензиите на Вашиот електричен алат.
Работните алати со погрешни димензии не
можат да бидат доволно добро покриени и
контролирани.
Дијамантските дискови за суво сечење,
монтажниот материјал (фланшата) и
другиот прибор мора точно да одговараат
за вретеното на Вашиот електричен алат.
Работните алати што не одговараат
за вретеното на електричниот алат, се
вртат нерамномерно, со силни вибрации и
може да доведат до губење контрола.
не користете оштетени работни алати.
Пред секоја употреба проверете дали на
работните алати има скршени делови и
пукнатини. Доколку електричниот алат
или работниот алат падне, проверете
дали е оштетен или користете неоштетен
работен алат. Откако ќе го примените
работниот алат, држете се себеси и други
лица во близина надвор од рамнината на
ротирачкиот работен алат и оставете го
електричниот алат да работи една минута
со максимален број на вртежи.
Оштетените работни алати најчесто се
кршат во текот на ова пробно време.
По монтажата на дијамантски диск за
суво сечење, пред да го вклучите уредот
проверете дали дискот е исправно
монтиран и дали може да се врти слободно.
Уверете се дека дијамантскиот диск за суво
сечење не ја закачува заштитната хауба или
други делови.
не изложувајте ги електричните алати на
екстремно високи или ниски температури.
При екстремно високи или ниски
температури може да дојде до механички и
електрични оштетувања.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Sg180

Inhaltsverzeichnis