Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm GRM1022 Originalbetriebsanleitung Seite 72

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Ако кабелот е оштетен, тој мора да се
замени од страна на производителот,
неговиот овластен сервис или од
квалификувано лице, за да се избегнат
опасности.
Не ја користете машината со оштетен кабел
или оштетени важни делови од машината,
нпр. сигурносни уреди, црево за висок
притисок, чкрапец за пиштол.
Бидете свесни за тргањето предизвикано
од водениот млаз при вклучување на
машината.
Кога машината се пренесува и се
поставува, мора да биде на рамно. Кога ја
преместувате, влечете ја за рачката за да ја
преместите.
Поврзување на довод на вода. Машините
не се погодни за приклучување на довод за
питка вода. Поврзете ја машината на довод
на вода. (Тоа може да биде сад со вода).
Проверете дали влезниот воден
притисокот се одржува помеѓу 0.01MPa
и 0.4MPa. Доводното црево треба да е
долго најмалку 5m. Не користете оштетени
цевки. Ако сакате да ја поврзете машината
на довод за питка вода, во цевката мора
да поставите неповратен вентил, за да
спречите враќање на валканата вода во
системот на питката вода. Неповратниот
вентил треба да е во согласност со EN
60335-2-79 АНЕКС АА.
3. МОНТИРАЊЕ И
КОРИСТЕЊЕ
Моторот на чистачот под притисок
НЕМА да работи. Тој ќе работи само
кога е притиснат чкрапецот.
Поврзете го излезното црево со чистачот и
поврзете го пиштолот со излезнотот црево.
Поврзете ја млазницата и продолжувачот
за млазницата.
Проверете го филтерот да не е затнат.
Поврзете го цревото за довод на вода.
Проверете го цревото да не е прекршено.
Пуштете вода и проверете да не истекува.
Отпуштете го чкрапецот за да овозможите
воздухот да се испушти низ пумпата и
цревата, забравете го чкрапецот.
72
Приклучете ја машината и вклучете го
прекинувачот.
Одбравете го чкрапецот и користете го
чистачот.
Исклучување
1. Исклучете го моторот (притиснете го
прекинувачот во положба за исклучување).
2. Исклучете ја единицата од напојувањето.
3. Исклучете го доводот на вода.
4. Притиснете го чкрапецот од пиштолот за да
се намали притисокот во системот.
5. Откачете го цревото за миење на градина
од чистачот.
6. Избришете ги сите површини на единицата
со влажна крпа.
7. Активирајте го безбедносниот забравник
на пиштолот.
ВНИМАНИЕ: СЕКОГАШ да го исклучувате
моторот ПРЕД исклучување на снабдувањето
со вода. Може да дојде до сериозно
оштетување на моторот, ако единицата работи
без вода.
ВНИМАНИЕ: НИКОГАШ да не го исклучувате
цревото за празнење на висок притисок кога
системот е под притисок. За намалување
на притисокот на единицата, исклучете го
моторот, затворете го доводот на вода и
притиснете го чкрапецот 2-3 пати.
Довод за вода
Осигурајте се дека имате соодветно
снабдување со вода. Проверете ги сите
приклучоци дали се стегнати и дека нема
истекување во цревото.
Доводната славина треба да биде целосно
отворена (сéуште не го вклучувајте
чистачот).
Отпуштете го чкрапецот (најпрво одбравете
го чкрапецот), за да овозможите водата
да помине низ единицата и да се отстрани
воздухот.
Предупредување! Оваа единица
користи само извор со студена вода!

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis