Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm GRM1022 Originalbetriebsanleitung Seite 71

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Водете грижа за опасниот повратен
удар кај распрскувачкиот склоп, при
активирањето на пиштолот и држете го
цврсто со две раце.
За намалување на ризик од повреди,
потеребен е грижлив надзор кога машина
се користи во близина на деца. Чистачот
под висок притисок не смеат да го користат
деца или необучени лица.
Научете како брзо да ја сопрете машината
и да го смалите притисокот. Запознајте се
детално со контролите.
Бидете внимателни и внимавајте што
работите.
Не ракувајте со машината кога сте
изморени или сте под дејство на алкохол
или лекови.
Во работната област да нема присутни
лица.
Не се наведнувајте или не стоите врз
нестабилна подлога. Одржувајте сигурна
подлога и рамнотежа.
Следете ги упатствата за одржување
дадени во упатството.
Оваа машина мора да биде заземјена. Ако
има дефект или прекин, заземјувањето
обезбедува пат на помал отпор на
електрична струја, за да се намали ризик
од електричен удар. Приклучокот мора да
биде вклучен во соодветна приклучница,
која е правилно поставена и заземјена, во
согласност со локалните кодови и одредби.
Номиналниот напон (V/Hz) на машината
треба да одговара на напонот на мрежата.
Квалификуван електричар да изврши
проверка ако сте во дилема за правилното
заземјување на приклучницата. Не го
изменувајте кабелот кој е предвиден
за машината. Ако приклучницата не се
совпаѓа, квалификуван електричар да
постави соодветна. Не користете никаков
адаптер за оваа машина.
Користете само три жичен продолжен
кабел со три-полна заземјена приклучница
и три-полни приклучници кои одговараат
на приклучокот од машината. Користете
само продолжни кабли кои се наменети
за работа на отворено и приклучоци кои
мора да се водонепропустливи. Овие
продолжни кабли се препознатливи со
ознака „Прифатливо за употреба кај
машини за отвроено; складирајте во
затворено кога не се користи". Користете
продолжни кабли чиј електричен рејтинг
не е помал од рејтингот на машината. Не
користете оштетени продолжни кабли.
Проверете го продолжниот кабел пред
користење и заменете го ако е оштетен.
Несоодветни продолжни кабли се опасни.
Не го злоупотребувајте продолжниот кабел
и не го влечете за да го исклучите.
Чувајте го кабелот подалеку од топлина
и од остри делови. Исклучете го
продолжниот кабел од приклучницата пред
да ја исклучите машината од кабелот.
За да се намали ризик од струен удар, не
ја стартувајте и не работете со машината
на дожд и невреме. Чувајте ги сите
приклучоци суви и да не се во допир со
земјата. Не го допирајте приклучокот со
влажни раце. Строго е забрането да се
дозволи навлегување на вода во машината.
Кога машината работи, одржувајте
постојано снабдување со вода. Без
циркулација на вода ќе се оштетат
заптивните прстени на машината.
Копјето за распрскување треба да
се вклучи во рок од 1 или 2 min по
стартувањето на машината. Инаку,
температурата на водата која циркулира
низ машината ќе се зголеми до критична
точка, што ќе предизвика оштетување на
заптивните прстени.
Не работете со машината на екстремно
студени места за да се спречи
замрзнување.
Машината е конструирана за работа
со чиста вода, не користете корозивни
хемикалии.
Користете растворени средства за чистење
или препорачани од производителот.
Млазниците за висок притисок можат
да бидат опасни ако се злоупотребат.
Млазницата не смее да се насочува кон
луѓе, животни, жива електрична опрема
или на самата машина. Чистачот под
притисок не треба да се насочува кон
гумите од тркалата, зашто може да ги
оштети.
Не го насочувајте млазот кон себе или кон
други, со цел да чистите облека или обувки.
Исклучете од напојување пред одржување.
71

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis