Пуштање во погон
Поврзете го цревото (Слика Г и Д). Зашрафете го дополнителниот дел на пумпата
како што е прикажано на Слика А. На универзалниот приклучок за црево (7) може
да се монтира црево од 32 мм, 25 мм, 19 мм и 13 мм. Цревата од 32 мм ќе се монтираат
на пумпата со помош на спојните елементи на универзалниот приклучок за црево.
Цревата од 19 мм и 13 мм ќе бидат монтирани со специјални спојни елементи (Слика
В). Препорачливо е цревата од 32 мм и 25 мм да се осигурат со стега за црево.
Слика А
Слика В
Слика Г
Резервните делови на универзалниот приклучок за црево што не Ви требаат (на пр.
кај цревата од 32 мм), можат да се отстранат со помош на нож. (Слика Г). Можете да
постигнете оптимални резултати со црево од 32 мм.
Внимание: Спиралното црево значително ја намалува висината и количеството на
пумпање. Употребувајте само рамно црево!
Висината на вклучување и исклучување може да варира. Дадените вредности
се всушност средни вредности и не одговараат кога пловниот прекинувач не е
прицврстен на механизмот за заклучување (3).
Употреба/Области на примена
Електричните пловни пумпи се употребуваат во следниве области:
• Испразнување на цистерни, резервоари со дождовна вода, бунари, мали езерца,
базени и одводни канали.
• Испразнување на поплавени подруми, чамци и јахти.
• За проветрување и циркулирање на вода.
Употреба/течност за испумпување
• Бистра, слабо заматена и нечиста вода (според типот на пумпата!!).
97
BDA Tauchpumpen.indd 97
15.11.12 19:31