Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 400 C Professional Orginal-Betriebsanleitung Seite 221

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTC 400 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 221 Monday, July 24, 2017 12:07 PM
Термовизиската камера Ви ги нуди следните можности:
– 100 % инфрацрвена слика
Се прикажува исклучиво топлотната слика.
– Слика во слика
Прикажаната топлотна слика се пресекува и околниот
дел се прикажува како реална слика. Оваа поставка го
подобрува локалното доделување на мерното поле.
– Транспарентност
Прикажаната топлотна слика се поставува
транспарентно врз реалната слика. На тој начин
објектите може полесно да се препознаат.
Со притискање на копчињата со стрелки горе 5 или долу
10 можете да ја прилагодите поставката.
Фиксирање на скалата
Прилагодувањето на распределбата на бои во топлотната
слика се врши автоматски, но сепак може да се замрзне со
функциското копче десно 7. Ова овозможува
споредливост на топлотните слики, којашто може да се
регистрира во различни температурни услови (на пр. при
проверка на повеќе соби за топлински мостови).
За повторно да ја вклучите скалата на автоматски, одново
притиснете го функциското копче десно 7. Сега температу-
рите повторно се однесуваат динамички и се прилагодуваат
на измерените максимални и минимални вредности.
Мерни функции
За да повикате дополнителни функции, коишто може да
Ви бидат од помош кај приказот, притиснете го копчето
„Func" 6. Навигирајте низ прикажаните опции со
лево/десно за да изберете функција. Изберете функција и
одново притиснете го копчето „Func" 6.
На располагање ви стојат следните мерни функции:
– „Автоматика"
Распределбата на бои во топлотната слика се извршува
автоматски
– „Пребарувач на топлина"
Во оваа мерна функција како топлотна слика се
прикажуваат само потоплите температури во мерното
поле. Делот надвор од овие потопли температури се
прикажува како реална слика во сиви тонови, за
обоените бои да не се поврзат погрешно со
температурите (на пр. црвен кабел во разводен ормар
при барање на прегреани градежни елементи).
Прилагодете ја скалата со копчињата нагоре 5 и надолу
10. Со тоа се зголемува одн. намалува прикажаниот
температурен опсег.
Уредот и понатаму ги мери минималните и максимални-
те температури и ги прикажува истите на краевите на
скалата. Но, вие можете да контролирате кој темпера-
турен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
– „Пребарувач на ладни делови"
Во оваа мерна функција како топлотна слика се
прикажуваат само поладните температури во мерното
поле. Делот надвор од овие поладни температури се
прикажува како реална слика во сиви тонови, за
обоените бои да не се поврзат погрешно со темпера-
турите (на пр. сина рамка од прозорец при барање на
погрешна изолација). Прилагодете ја скалата со
Bosch Power Tools
копчињата нагоре 5 и надолу 10. Со тоа се зголемува
одн. намалува прикажаниот температурен опсег.
Уредот и понатаму ги мери минималните и максимални-
те температури и ги прикажува истите на краевите на
скалата. Но, вие можете да контролирате кој темпера-
турен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
– „Мануелно"
Ако во топлотната слика се измерат температури со
големи отстапувања (на пр. грејни тела како топол
објект при пребарување на топлински мостови), тогаш
боите што се на располагање се распределуваат на
висок број на температурни вредности во опсегот меѓу
максималната и минималната температура. Тоа може
да доведе до тоа, малите температурни разлики веќе да
не може детално да се прикажат. За да се постигне
детално прикажување на фокусната температура,
постапете на следниот начин: Откако ќе смените во
режимот „Мануелно" можете да ја подесите
максималната одн. минималната температура. На тој
начин можете да го утврдите температурниот опсег,
којшто е релевантен за вас и во којшто сакате да
препознаете мали разлики. Поставката Ресетирање
повторно автоматски ја прилагодува скалата на
измерената вредност во видливото поле на
инфрацрвениот сензор.
Главно мени
За да го отворите главното мени, притиснете на копчето
„Func" 6 за повикување на мерните функции. Сега
притиснете го функциското копче десно 7.
– „Мерење"
– „Степен на емисија" c:
За најчестите материјали на располагање имате
зачувани степени на емисија. Во точката од менито
„Материјал" изберете го соодветниот материјал.
Соодветниот степен на емисија ќе биде прикажан во
редот подолу.
Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на
Вашиот мерен објект, истиот можете да го подесите
како бројна вредност во точката од менито „Степен
на емисија".
– „Рефлектирачка температура":
Подесувањето на овој параметар го подобрува
мерниот резултат особено кај материјали со низок
степен на емисија (= висока рефлексија). Најчесто,
рефлектирачката температура одговара на околната
температура.
Ако објектите со температури со големи отстапувања
можат да влијаат врз мерењето во близина на мошне
рефлектирачки објекти, тогаш оваа вредност треба
да се прилагоди.
– „Приказ"
– „Жешка точка" k: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Во оваа функција автоматски се означува
најжешката точка (= мерен пиксел) во мерното поле
со црвен покажувач на топлотната слика. Ова може
да Ви олесни препознавање на критично место, на
пр. лабав терминал во разводниот ормар.
Македонски | 221
1 609 92A 3RD | (24.7.17)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis