Herunterladen Diese Seite drucken

Vitamix EXPLORIAN Serie Bedienungsanleitung Seite 137

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EXPLORIAN Serie:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 11
1.
Пред да го користите овој сад за Програми или опцијата Варијабилна брзина,
секогаш започнувајте со копчето со варијабилна брзина насочено кон
симболот „Стоп" (
) на горниот дел од копчето.
2.
Поставете го прекинувачот On/Off на позицијата „On" (Вклучи).
3.
Наполнете го садот пред да го ставите на основата за моторот. Прво ставајте
ги течностите и меката храна во садот, а на крај тврдите состојки и мразот.
Иако не е неопходно за блендирање, може да ја пресечете или да ја искршите
храната на помали парчиња за попрецизно мерење на состојките.
4.
Безбедно прицврстете го дводелниот капак. Секогаш користете го целосно
дводелниот капак кога блендирате (освен ако пластичната рачка е вметната
низ отворот за затката на капакот). Особено кога мешате топли состојки,
проверете дали капакот е добро затворен.
5.
Со моторот исклучен, наместете го садот на основата за моторот така што ќе
го порамните над подлогата за центрирање. Не се обидувајте да ставите сад
на основа за мотор која работи или да ја вклучите основата за моторот без
соодветно поставен сад на неа.
6.
Користете го копчето за варијабилна брзина за да изберете функција.
Варијабилна брзина – Вртете го копчето од средина кон десно до Варијабилна брзина 1.
Програми – Вртете го копчето од средина кон лево до саканата програма.
7.
Активирајте ги сечилата со притискање на прекинувачот Старт/Стоп. Вашиот сад може да се помести додека се поставува во
порамнетата положба.
Варијабилна брзина – вртете го полека копчето за варијабилна брзина кон десно до саканата брзина.
Програми – Програмите се разликуваат во брзината и времетраењето на блендирање и автоматски ќе сопрат на крајот од
програмата. Програмите може да се прекинат со притискање на прекинувачот Старт/Стоп во секое време. Ако повторно се
активира со притискање на прекинувачот Старт/Стоп, програмата ќе започне од почеток.
8.
Ако смесата престане да циркулира, можеби некаде има заглавен воздушен меур. За да го разрешите ова, вметнете ја рачката
низ затката на капакот и мешајте додека не „поджригне". Ако тоа не успее, притиснете го прекинувачот Вклучи/Исклучи за да го
сопрете моторот. Отстранете го садот од основата за моторот и употребете гумена шпакла за да ги тргнете воздушните меури од
сечилата. Вратете го садот на основата за моторот и продолжете да блендирате.
9.
По блендирањето, почекајте додека да сопрат сосем сечилата пред да го отстраните капакот или садот од основата на
блендерот.
Совети за спречување на „преоптоварување" на блендерот:
Подготвувајте само рецепти на Vitamix кога учите да го користите блендерот.
Не подготвувајте рецепти на брзини пониски или повисоки од препорачаната.
Како да се употребува пластичната рачка:
ВАЖНО! Дискот за прскање (близу врвот на пластичната рачка) и капакот спречуваат пластичната рачка да не ги удира сечилата
кога капакот е безбедно прицврстен на место.
Садот не треба да биде полн повеќе од две третини кога пластичната рачка се користи во текот на блендирањето.
За да избегнете прегревање во текот на блендирањето, НЕ употребувајте ја пластичната рачка континуирано подолго од 30
секунди.
Ако храната не циркулира, во блендерот може да се заглавил воздушен меур. Внимателно отстранете ја затката за капакот,
внимавајќи капакот да остане цврсто на место. Пукнете го воздушниот меур вметнувајќи ја пластичната рачка низ отворот на
затката на капакот.
Состојките можеби нема да почнат да циркулираат ако ја држите пластичната рачка право надолу. Ако има потреба, насочете
ја пластичната рачка кон страните или аглите на садот. НЕ обидувајте се со сила да ја пикнете пластичната рачка во садот.
Гр иж а и ч и с те ње
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА:
Избришете ја основата со топла влажна крпа и пребришете ја со сува, мека крпа. Измијте ги садовите, чашите, капаците, затката
1.
на капакот и пластичната рачка со топла, сапунеста вода. Исплакнете ги сите делови. Избришете ги со сува, мека крпа.
2.
Изберете место на пултот што е рамно, суво и чисто. Вклучете го кабелот на блендерот во заземјен штекер.
Забелешка: Вашиот сад Vitamix е дизајниран да може целосно да се чисти без вадење на завртката со држач и сетот сечила.
НЕ обидувајте се да ги отстраните завртката со држач и сетот сечила од садот. Нашите нормални постапки за чистење и за
дезинфицирање или циклус на чистење во машина за садови ќе осигурат целосно и темелно чистење на садот и на неговите
компоненти. Ако е оштетен садот, ве молиме, не користете го. ВЕДНАШ контактирајте ја Службата за клиенти на Vitamix.
Следете ги овие упатства ако не сакате да го миете садот во машината за миење садови.
За да го исчистите садот 64 LP:
1.
Наполнете го садот до половина со топла вода и додадете неколку капки течно средство за миење садови.
2.
Кликнете или притиснете го целиот капак од два дела во прицврстена позиција.
3.
Притиснете Старт/Стоп. Полека зголемете ја варијабилната брзина до 10.
4.
Пуштете ја машината да работи 30 до 60 секунди.
5.
Ротирајте го копчето на варијабилната бризина назад до Варијабла 1. Притиснете Старт/Стоп.
6.
Исплакнете и исцедете ги сите парчиња.
Мраз и замрзнати
состојки
Овошје и зеленчук
Зелен лиснат
зеленчук
Суви производи
Течности
137

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Explorian e520Vm0201a