Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch Professional GWS 700 Originalbetriebsanleitung Seite 253

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Professional GWS 700:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
На капакот за всисување (7) може да се приклучи Bosch-
всисувач. За таа цел, ставете го цревото за всисување со
адаптерот за всисување во предвидените делови за
вметнување на хаубата за всисување.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (10) или заштитна хауба за брусење (8)
заедно со поклопецот за сечење (11).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (10) се монтира како
заштитна хауба за брусење (8).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење (11) од пластика на
заштитната хауба за брусење (8) (види слика A).
Поклопецот (11) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба (8).
За демонтирање (види слика B) отклучете го
поклопецот (11) на заштитната хауба (8) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Заштита за дланките
За работење со гумен брусен диск (24) или со
u
лончеста четка/конусна четка секогаш монтирајте
ја заштитата за рацете (23).
Прицврстете ја заштитата за рацете (23) со
дополнителната рачка (6)/(5).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (6)/(5) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (6)/(5).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (6)/(5) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (6)/(5).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (5)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (22) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Bosch Power Tools
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на куќиштето).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи
или дискови за сечење со помош на испорачаната
приклучна прирабница (12) и затегнувачката
навртка (19) одн. брзозатезната навртка (20) употребата
на меѓуслоеви не е потребна.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење
ставете ја приклучната прирабница со O-прстен (12) на
вретеното за брусење (22) и завртете ја затезната
навртка (19). Внимавајте на усогласувањето на затезната
навртка (19) во зависност од употребената брусна плоча/
диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од
упатството за употреба), и затегнете ја со комбинираниот
клуч (види „Брзозатезна навртка
Страница 253).
По монтажата на алатот за брусење, пред
u
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (12)
околу венецот за центрирање е
ставен пластичен дел (O-прстен).
Доколку недостига O-прстенот или
е оштетен, приклучната
прирабница (12) мора да се замени
пред понатамошна употреба.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо затезната навртка
(19) можете да употребите брзозатезна навртка (20).
Брзозатезната навртка (20)смее да се користи
u
само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки (20).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со
натпис на брзозатезната навртка (20) да не покажува
кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките
на индекс (30) да покажува.
Македонски | 253
",
1 609 92A 7C4 | (26.02.2024)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Professional gws 750Professional gws 750 s