Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GKE Professional 35 BCE Originalbetriebsanleitung Seite 280

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKE Professional 35 BCE:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
OBJ_BUCH-716-006.book Page 280 Wednesday, August 17, 2016 3:54 PM
280 | Македонски
Подмачкување на ланецот (види слики A–B)
Напомена: Пилата не се продава полна со соодветно
масло. Многу е важно да турите соодветно масло пред
првата употреба. Употребата на пилата без соодветно
масло или со масло под линијата за минимално ниво ќе
резултира со оштетување на пилата.
Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од
оптималното подмачкување. Затоа, при работа, од кај
отворот за масло 19 ланецот автоматски се подмачкува.
За да го наполните резерварот за масло:
– Ставете ја пилата на соодветна површина со капачето
за масло 4 нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капачето 4 и одвртете
го капачето.
– Не ја вадете влошката на филтерот за време на
полнењето.
– Наполнете со биоразградливо масло за синџири за
пила, додека не се наполни резервоарот (особено е
препорачливо биолошки разградливо масло).
– Внимавајте во резерварот да не влезе никаква
валканштина. Затворете го капачето и затегнете го 4.
Напомена: За да овозможите вентилација меѓу
резервоарот за масло и околината, помеѓу ситото и
затворачот на резервоарот за масло постојат четири мали
канали за изедначување, низ кои може да излегува масло
во мали количини, условено од функцијата. Ве молиме
внимавајте на тоа, синџирот на пилата со затворачот за
резервоарот за масло 4 секогаш да го поставувате
хоризонтално доколку не го користите.
Напомена: Користете исклучиво препорачано
биоразградливо масло за синџири за пила, за да избегнете
оштетувања на синџирот. Никогаш не користете
рециклирано или старо масло. Доколку користите
недозволено масло, гаранцијата не важи.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 36B | (17.8.16)
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Пилата држете ја како што е опишано во делот „Работа со
моторната пила".
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 3 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Напомена: Не запирајте ја пилата со притискање на
предниот штитник за рака 5 (активација на кочницата за
отскокнување).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При оптоварување, на пр. при изабен синџир на пилата,
моторот може да запре при олабавување на заштитниот
термо-прекинувач. За ресетирање, притиснете на копчето
за ресетирање 25. На крај мора да ја пуштите пилата со
синџир околу 1 минута во празен од.
Кочница за исфрлање од брзина/повратна кочница
(види слика D)
Пилата со синџир е опремена со два сигурносни
механизми:
Кочницата за исфрлање од брзина ја закочува пилата со
синџир со отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 3.
Повратната кочница претставува заштитен механизам,
кој се активира при повратен удар преку предната заштита
за дланките 5 . Синџирот на пилата запира за најмногу 0,1
секунди.
Одвреме-навреме проверете ја неговата функција.
Поместете ја предната заштита за дланките 5 нанапред
(позиција ), така што црвената точка 26 ќе се гледа под
ознаката 7 и кратко вклучете ја пилата со синџир.
Синџирот на пилата не смее да стартува. За да ја
деблокирате повратната кочница, повторно затегнете ја
предната заштита за дланките 5 (позиција ), така што
црвената точка 26 ќе се сокрие под ознаката 7.
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gke professional 40 bce