Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 254 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 271

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
– Свртете ја масата за сечење (10) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната завртка (24) и навалете ја
рачката на алатот со дршката (4) до крај кон лево
(45°).
Проверка (види слика R1)
– Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 45°
на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу масата
за пилата (10) и сечилото за пилата на масата за
пилата (10).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (39) по целата должина.
Подесување (види слика R2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (51) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор додека кракот од аголниот триаголник не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете ја затезната навртка (24).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (51).
Доколку агломерот (30) по подесувањето не е во иста
линија со 45° ознаката на скалата (31), најпрво
проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на агломерот (вертикално) (види
слика S)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Олабавете ја затезната завртка (24).
– Поставете еден вертикален агол на закосување со
рачката на алатот од 0°.
– Повторно затегнете ја затезната навртка (24).
Проверка
Агломерот (30) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (31).
Подесување
– Олабавете ја завртката (52) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика T)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (10) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (13) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (14).
Подесување
– Олабавете ја завртката (53) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Bosch Power Tools
Транспорт (види слика U)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка
(3) или фатете го за жлебовите за држење (26)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (17).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Македонски | 271
1 609 92A 8KE | (09.05.2023)

Werbung

loading