Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 254 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 270

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
270 | Македонски
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (10) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги
проверите ласерските зраци по интензивно користење и
евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Проверка (види слика O1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(4).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19),
без да ја притискате блокадата при вклучување (5).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика O2)
– Свртете ја завртката за подесување (47) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
1 609 92A 8KE | (09.05.2023)
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за сечење (10) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Отклопете ја граничната водилка на склопување (16).
Проверка (види слика P1)
– Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 90°
на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу
граничната водилка (8) и сечилото за пилата на масата
за пилата (10).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со граничната водилка по целата должина.
Подесување (види слика P2)
– Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна
глава (49) со испорачаниот внатрешен шестаголен
клуч (28).
– Свртете ја граничната водилка (8) додека аголниот
триаголник не лежи прецизно по целата должина.
– Повторно затегнете ги завртките.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (10) до жлебот (45) за 0°.
Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика Q1)
– Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 90°
на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу масата
за пилата (10) и сечилото за пилата на масата за
пилата (10).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво
со сечилото за пила (39) по целата должина.
Подесување (види слика Q2)
– Олабавете ја затезната завртка (24).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (50) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор додека кракот од аголниот триаголник не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете ја затезната навртка (24).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (50).
Доколку по подесувањето агломерот (30) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (31) олабавете ја завртката
(52) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката. (види слика S)
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Bosch Power Tools

Werbung

loading