Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 254 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 268

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
268 | Македонски
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика H)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (45):
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (12) и свртете ја масата за пила
(10) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).
Поставување на саканите хоризонтални агли на
закосување (види слика H)
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 52° (на
десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (12), свртете ја масата за
пила (10) со копчето за фиксирање кон лево или
десно и со помош на агломерот (13) наместете го
посакуваниот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува
во опсег од 45° (на левата страна) до 0° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни
позиции за агли од 0° и 45°.
Поставување на саканиот вертикален агол на
закосување (види слика I)
– Олабавете ја затезната завртка (24).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (4), додека
агломерот (30) не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната завртка (24).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
1 609 92A 8KE | (09.05.2023)
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика J)
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете
ја блокадата при вклучување (5) на средина и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
десно
исклучување (19) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (19) не се блокира, туку
15°; 22,5°; 30°; 45°
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (19).
Сечење
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за
u
фиксирање (11) и затезната завртка (24) пред
сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Позиција на корисникот (види слика K)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Bosch Power Tools

Werbung

loading