Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Работа Со Пилата Со Ланец - EINHELL BG-EC 2040 S Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BG-EC 2040 S:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_BG_EC_2040_S_SPK4:_
5.2 Вклучување/исклучување
Вклучување
Држете ја пилата со ланец со двете раце
цврсто за рачките, како што е прикажано на
слика 11 (со палецот под рачката).
Притиснете и држете ја блокадата за
вклучување (слика 1/поз. 5).
Вклучете ја пилата со ланец со прекинувачот
за вклучување/исклучување. Блокадата за
вклучување сега може да биде ослободена.
Исклучување
Ослободете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (слика 1/поз. 6).
Вградената кочница го сопира ланецот во
движење за мошне кратко време. Вадете го
секогаш утикачот од напојување со струја, кога
прекинувате со работа.
Внимание! Носете ја пилата само на предната
рачка! Ако ја носите вклучената пила само на
задната рачка со приклучните елементи, може да
се случи, истовремено ненамерно да ги
притиснете и блокадата за вклучување и
прекинувачот за вклучување/исклучување и
ланецот за сечење да се придвижи.
5.3 Заштитни уреди
Кочница на мотор
Моторот го кочи ланецот за сечење, штом се
притисне прекинувачот за
вклучување/исклучување (слика 1/поз. 6) или
штом дојде до прекин на доводот на струја. На тој
начин значително се намалува опасноста од
повреда од ланец што накнадно се движи.
Кочница за ланец
Кочницата за ланецот претставува заштитен
механизам, којшто се активира преку заштитата
за раце напред (слика 1/поз. 2). Ако пилата со
ланец исфрли назад со повратен удар, кочницата
за ланецот се активира и го сопира ланецот за
сечење за помалку од 0,1 секунди.
Проверувајте го редовно функционирањето на
кочницата за ланецот. За таа цел заклопете ја
заштитата за раце (слика 1/поз. 2) нанапред и
вклучете ја кратко пилата со ланец. Ланецот за
сечење не смее да се придвижи.
Повлечете ја наназад заштитата за раце што се
наоѓа напред (слика 1/поз. 2) додека таа да легне,
за да ја ослободите кочницата за ланецот.
23.06.2010
8:44 Uhr
Seite 67
Внимание! Не употребувајте ја пилата, доколку
заштитните уреди не функционираат
беспрекорно. Не обидувајте се, сами да
поправате заштитни уреди што се од значење за
безбедноста, туку обратете се до нашиот сервис
или слична квалификувана работилница.
Заштита на раце
Заштитата за раце на предната страна
(истовремено и кочница за ланецот) (слика 1/поз.
2) и заштитата за раце на задната страна (слика
2/поз. 14) ги заштитуваат рацете од повреди при
контакт со ланецот за сечење, доколку тој се
скине како последица на преоптоварување.
6. Работа со пилата со ланец
6.1 Подготовка
Пред секоја употреба проверете ги следните
точки, за да можете да работите сигурно.
Состојба на пилата со ланец
Испитајте ја пилата со ланец пред започнување
со работа по однос на оштетувања на куќиштето,
на кабелот за напојување со струја, на ланецот за
сечење и на мечот. Никогаш не пуштајте во
работа очигледно оштетен апарат.
Сад за масло
Состојба на полнење на садот за масло.
Проверувајте и за време на работата, дали
постојано има доволно масло. Никогаш не
работете со пилата, доколку нема масло или
доколку состојбата со масло е падната под
ознаката за минимум (слика 9/поз. B), за да се
избегне оштетување на пилата со ланец.
Едно полнење е во просек доволно за 15 минути,
зависно од паузите и од оптеретувањето.
Ланец за сечење
Затегање на ланецот за сечење, состојба на
секачите. Колку е поостар ланецот за сечење,
толку полесно и поконтролирано може да се
управува со пилата за сечење. Истото важи за
затегањето на ланецот. И за време на работата,
на секои 10 минути проверувајте го затегањето
на ланецот, за да ја зголемите вашата сигурност!
Особено нови ланци за сечење се склони на
зголемено проширување.
Кочница за ланец
Проверете го функционирањето на кочницата за
ланецот како што е опишано во „Заштитни уреди"
и ослободете го.
MK
67

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

45.006.30

Inhaltsverzeichnis