Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Технички Податоци - Milwaukee M12 BSWP Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Брзина на проток макс.
Висина на главата макс.
Температура на водата макс.
Температура на воздухот макс.
Приклучок за црево
Континуирано работно време макс.
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(Li-Ion 2,0 Ah ... 6,0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Внимателно прочитајте го
упатството за употреба и запознајте се со елементите за
употреба и со начинот за соодветна употреба на алатката.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ВОДНАТА ПУМПА
Не ја потопувајте пумпата по пластичната стега.
Ве молиме никогаш не гледајте директно во светилката. НЕ
поврзувајте кабелски канал со пумпата.
Не пумпајте запаливи или експлозивни течности како на
пример бензин, мазут, керозин и др. Не ја употребувајте
направата во просторија каде постои потенцијална можност
за експлозија.
Не пумпајте вода со температура над 60 °C (140 °F). Не
пумпајте песок, честички или големи остатоци. Ќе дојде до
оштетување на пумпата.
Не дозволувајте пумпата да работи насуво повеќе од 10
секунди. Исклучете ја брзо пумпата кога ќе се заврши
работата. Секогаш извадете го батериското пакување пред
да ја инсталирате или сервисирате пумпата.
Не ја оставајте пумпата да работи без надзор. Ако не се
почитува ова предупредување, може да дојде до телесна
повреда и/или смрт.
Секогаш извадете го батериското пакување пред да ја
инсталирате или сервисирате пумпата. Никогаш не ракувајте
со пумпата со водени раце или кога стоите на водена или
влажна површина или во вода. Може да настане фатален
струен удар.
Прицврстете го цревото за празнење пред да ја стартувате
пумпата. Неприцврстеното црево за празнење може да се
откачи. Може да дојде до телесна повреда и/или смрт.
Немојте да ја користите пумпата ако копчето не сака да се
вклучи и исклучи. Пумпите што не можe да се контролираат
со прекинувачот се опасни и мора да се поправат.
Не ја користете пумпата во експлозивни подрачја, како на
пример во присуство на запаливи течности, гасови или прав.
Моторите создаваат искри коишто ќе ја запалат правта од
гасовите.
Носете соодветна облека. Немојте да носите широка облека
или накит. Држете ги косата, облеката и ракавиците подалеку
од подвижните делови. Носете заштитна прекривка за
собирање долга коса. Широката облека, накит или долга коса
може да се фатат во подвижните делови.
Не се наслонувајте премногу према напред и во секое време
одржувајте ја рамнотежата. Правилната основа и баланс
овозможуваат подобра контрола во неочекувани ситуации.
88
M12 BSWP
Водна пумпа
4912 05 01 XXXXXX MJJJJ
12 V ⎓
34 l/min
4,5 m
60 °C
40 °C
19 mm (3/4") BSPT MALE
1 h
1,7 ... 2,0 kg
-18 ... +50 °C
M12B...
C12C; M12C4; M12-18...
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Пред да ја користите пумпата,
секогаш поврзете ја пумпата
со конецот со рачниот зглоб на
корисникот.
Овој апарат може да го користат
деца на возраст од 8 години и нагоре,
како и лица со намалени психички,
сензорни или ментални способноси
или со недостаток на искуство и /
или знаење, доколку се под надзор
или доколку добиле упатства за
безбедна употреба и ги сфатиле
потенцијалните опасности што би
произлегле од употребата. Деца
не смее да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот
не смее да вршат деца без соодветен
надзор.
Извадете го батерискиот склоп
пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината. Не ги оставајте
искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите
на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата
околина. Не ги чувајте батериите
заедно со метални предмети (ризик
од краток спој). Користете исклучиво
Систем M12 за полнење на батерии
од M12 систем. Не користете батерии
од друг систем.
МАКЕДОНСКИ
Киселината од оштетените батериите
може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Не е за вода за пиење или други течности за пиење.
Секогаш извадете го батериското пакување од пумпата пред
регулирање, промена на дополнителна опрема или складирање
на апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го
намалуваат ризикот од случајно стартување на апаратот.
Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и
без масло и мазива. Лизгавите рачки и површини за фаќање
не дозволуваат сигурно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
Кога пумпата работи, набљудувачите, децата и посетителите
треба да бидат на одредено растојание. Одвлекувањето
внимание може да доведе до грешки.
Бидете внимателни, гледајте што правите и користете здрав
разум кога работите со пумпата. Не се обидувајте да работите
со пумпата кога сте изморени или под влијание на дроги,
алкохол или лекови. Еден момент на невнимание може да
доведе до сериозна телесна повреда.
Користете заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите.
За соодветни околности мора да се користат маска за прашина,
безбедносни чевли што не се лизгаат и заштитен шлем.
Не дозволувајте да се опуштите како резултат на искуството
стекнато од често користење на алатот и да ги игнорирате
безбедносните принципи на алатот. Невнимателното дејство
може да предизвика сериозна повреда во дел од секундата.
Не пумпајте вода од поток, вештачко езеро или извор каде што
може да се вшмукаат туѓи тела во пумпата. Цврстите тела може
да влезат во доводното црево.
Работниот простор нека биде чист и добро осветлен.
Неуредниот простор или темни места се добра подлога за
несреќите.
Само за внатрешна употреба.
Користете црева со 19 mm (3/4") BSPT женски приклучок од
месинг.
За доводното црево треба да се користи зајакнато црево за
да не клапне. За најдобри резултати, користете црево со мала
должина, а со голем дијаметар, како на пример градинарско
црево од 183 cm (6') должина, 19 mm (3/4") внатрешен
дијаметар. Подолгите или потенките црева може да ги намалат
работата и брзината на проток.
Како одводно црево може да се користи обично градинарско
црево.
Никогаш не ја оставајте пумпата да работи без надзор.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пумпата е наменета за примена, како на пример празнење
бојлери, резервоари и др. Пумпата не е водоотпорна или
отпорна на атмосферски влијанија и не е за употреба во тушеви,
места со висока влажност или други потенцијално влажни
места.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на дожд.
Пумпата е оценувана само за работа со чиста вода. Таа не е
дизајнирана за ракување со солена вода, расолница, отпадна
вода од перењето алишта или друга примена којашто може да
содржи нагризувачки хемикалии и/или туѓ материјал. Пумпата
не е погодна за користење со водниот свет. Не користете го
производот на друг начин освен на начините за кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батериите што не се полнат не треба да ги полните повторно.
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот пред
полнењето. Празните батерии мора да се извадат од апаратот и
безбедно да се отстранат. Кога апаратот се чува подолго време,
батериите треба да се отстранат.
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете
го. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
МАКЕДОНСКИ
89

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

M12 bswp-0M12 bswp-601

Inhaltsverzeichnis