Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Како Да Се Замрзнува Свежа - Beko RFNE448E45W Bedienungsanleitung

Kühlschrank/gefrierschrank
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RFNE448E45W:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 29
Користење на производот
6.2. Како да се замрзнува
Свежа храна
Храната што треба да се замрзне
мора да се подели на порции според
количеството што ќе се конзумира,
а потоа да се замрзне во посебни
пакувања. На овој начин ќе се
спречи храната да се замрзнува
одново откако ќе се одмрзне.
За да се зачува колку што е
можно повеќе хранливата вредност,
аромата и бојата на храната,
зеленчукот треба кратко да се обари
пред да се замрзне. (Обарувањето
не е неопходно за намирници како
краставички и магдонос.) Времето
на готвење на зеленчукот замрзнат
на ваков начин се скратува за 1/3 во
однос на свежиот зеленчук.
За да го продолжите времето
на складирање на замрзнатите
прехрамбени продукти, обарениот
зеленчук мора најнапред да се
филтрира, а потоа херметички
да се спакува како и сите други
намирници.
Прехрамбените продукти не
смеат да се стават во замрзнувачот
без да бидат спакувани.
Материјалот за пакување на
храната што ќе се складира мора
да биде непропустлив, дебел и
траен и не треба да се деформира
во студени и влажни услови. Во
спротивно, храната што ќе се
стврдне при замрзнувањето може да
ја продупчи амбалажата. Исто така,
многу е важно добро да го затворите
пакувањето за храната да биде
добро складирана.
Фрижидер/Упатство за употреба
Следниве видови амбалажа се погодни
за замрзнување на храна:
Полиетиленска кеса, алуминиумска
фолија, пластична фолија, вакуум кеси и
садови со капак отпорни на мраз.
Следниве видови амбалажа не се
препорачливи за замрзнување на храна:
Хартија за пакување, хартија за
печење, целофан, кеса за отпадоци,
употребувани кеси и кеси за пазарување.
•Во замрзнувачот не смее да се става
жешка храна без претходно да се олади.
•Кога во замрзнувачот ставате
незамрзната свежа храна, обрнете
внимание да не дојде во допир со
замрзнатите прехрамбени продукти.
Кул-пакетот (PCM) може да се стави на
решетката веднаш под решетката за
брзо замрзнување за да не се затопли.
•Додека трае замрзнувањето (24 часа)
не ставајте друга храна во замрзнувачот.
•Распоредувајте ги прехрамбените
продукти на полиците или решетките за
замрзнување на таков начин што нема
да бидат натрупани (препорачливо е
пакувањата да не се допираат).
•Замрзнатата храна мора да се
конзумира кратко време откако ќе се
одмрзне и не смее повторно да се
замрзнува.
•Не ги блокирајте отворите за
вентилација ставајќи ја смрзнатата
храна пред отворите за вентилација
што се наоѓаат на задната површина на
замрзнувачот.
17 /34 MK

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Rfne448e41wEx448e45w

Inhaltsverzeichnis