Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita UR3000 Originalanweisungen Seite 144

Elektrotrimmer
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UR3000:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 11
2. Свртете ја цевката за 180° додека не се заклучи во
режим за оборување рабови. (Сл. 11)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да спречите случајно
стартување што може да предизвика тешки телесни
повреди, секогаш откачувајте го кабелот за
напојување пред да се обидете да ја свртите оската.
7. ЗАМЕНА НА КАСЕТАТА СО
ЖИЦА ЗА СЕЧЕЊЕ
Вашиот тример е опремен со целосно заменлива
касета со жица за сечење што ги надминува
проблемите со намотување на жицата за сечење.
За да замените празна касета со жица за сечење,
направете го следното:
1. Притиснете ги двете кваки за ослободување на
држачот на калемот и извадете го надвор (Сл. 12),
а потоа извадете го празниот калем. (Сл. 13)
2. Извадете ги пружината и капачето од празниот
калем и ставете ги на новиот, а потоа намотајте ги
двете жици за сечење на новиот калем низ окцата
на капачето. (Сл. 14)
3. Поставете го новиот калем во држачот на калемот
и потоа притиснете го капачето надолу додека не
се блокира на место со кваката за ослободување.
(Сл. 15)
8. ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЖИЦАТА
ЗА СЕЧЕЊЕ
За да ја дополните жицата за сечење:
1. Откачете ја машината од изворот на напојување.
2. Извадете го празниот калем. (Сл. 12 и 13)
3. Пресечете нова жица за сечење до 8 метри и
превиткајте ја на средината.
4. Закачете ја средината на новата жица за сечење
на засекот што се наоѓа во средиштето на калемот
помеѓу двата канали што се обезбедени за жицата
за сечење. Стрелката на калемот ја покажува
насоката на намотување на жицата за сечење.
(Сл. 16)
5. Намотајте ја жицата за сечење околу делот A (10)
на правилен начин. Осигурете се да ја намотате
затегнато и рамно така што површината на
намотаната жица да не е набрана. (Сл. 17)
6. Намотајте ја целата жица освен 100 мм, оставајќи
го крајот на жицата привремено закачен низ
држачот на жицата (12) на страната од калемот.
(Сл. 18)
7. На овој начин, исто така намотајте ја жицата за
сечење во делот В (11) и оставете го крајот
привремено закачен. (Сл. 17 и 19)
8. Монтирајте го калемот на капачето така што
привремено закачената положба на жицата за
сечење (13) да соодветствува на засеците (14) на
страната од капачето (15). (Сл. 20)
9. Откачете го крајот од жицата за сечење од
неговата привремена положба и ставете го во
засеците на страната од капачето. (Сл. 21)
144
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осигурете се дека
капачето е добро прицврстено на држачот на калемот.
Ако капачето не е добро прицврстено, компонентите
може да се разлетаат што може да резултира со
тешка телесна повреда.
10. Осигурете се дека е поставена пружината.
Притиснете го капачето (15) во држачот на калемот
(16). Осигурете се дека кваките се целосно
раширени во капачето. (Сл. 14, 15 и 22)
11. Притиснете го копчето на калемот (18) и повлечете
еден од краевите на жицата за сечење. Осигурете
се дека жицата може да се издолжува. (Сл. 22 и
23)
12. На крајот, повлечете го другиот крај на жицата без
да го притискате копчето на калемот. Осигурете се
дека жицата може да се издолжува.
9. ИЗДОЛЖУВАЊЕ НА ЖИЦАТА
ЗА СЕЧЕЊЕ
Кратките или изабените жици сечат понеефикасно. За
подобрување на работата, лесно допрете го копчето
на калемот на земјата додека тримерот работи со
полна брзина. Со тоа, автоматски ќе се издолжи жица
за сечење. Сечилото за жицата за сечење (17) под
штитникот, автоматски ќе ја отсече жицата за сечење
на точната должина за време на работата. (Сл. 22 и
24)
НАПОМЕНА: Ако удрите тврди или абразивни
предмети, како огради, бетон или карпи скриени во
висока трева, може да дојде до кинење на жицата за
сечење. Ако жицата за сечење се скине, следете ја
постапката за издолжување.
10. УПАТСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ
Стартувајте го тримерот пред да го доближите до
тревата што треба да се сече.
Сечете ја тревата со движење на тримерот од десно
на лево и продолжете бавно, држејќи го тримерот под
агол од околу 30°. Високата трева треба да се сече на
слоеви секогаш започнувајќи од врвот. Сечењето
треба да се изведува на кратки секвенци.
Не сечете мокра трева.
Избегнете пребрзо абење на жицата за сечење што
настанува со удирање во тврди предмети (камења,
ѕидови, огради итн). Користете го работ на штитникот
за да го одржувате тримерот на правилно растојание.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не употребувајте
прекумерна сила или удар врз главата за натапкување
на тримерот на земјата за издолжување на жицата за
сечење. Ако жицата за сечење не се издолжи по
допирање на главата за натапкување на земјата
додека тримерот работи, жицата за сечење може да
биде заплеткана или скината внатре во касетата, или
жицата за сечење може да е дотраена.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis