Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Технички Податоци - Milwaukee M18 FMCS66 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für M18 FMCS66:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 17
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
КРУЖНА ПИЛА НА БАТЕРИИ
Производен број...................................................................
Брзина без оптоварување ...................................................
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор ..............
Густина на запците на сечилото на пилата........................
Назабен лист ........................................................................
Максимална длабочина на сечење ....................................
Максимални перформанси при сечење
Челична плочка .................................................................
Аголно железо ...................................................................
Цевки .................................................................................
Делови ...............................................................................
Челична обетка на завртка .............................................
Волтажа на батеријата .......................................................
Тежина без батерија ............................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 12,0 Ah) ...
Препорачана температура на околината при работа .......
Препорачани типови на акумулаторски батерии...............
Препорачани полначи .........................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841.
Типично очекуванo ниво на звучен притисок на алатот е:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ...........
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ...............
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
h
Mетали ...............................................................................
Несигурност К =.................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со
стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен
алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се
користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да
се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот
или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку
целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата
како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за
употреба.
НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА КРУЖНИ ПИЛИ
Постапка на пилење
Опасност: Држете ги рацете настрана од зоната
на сечење. Држете ја другата рака на помошната
рачка или куќиштето на моторот. Доколку пилата ја
држите со двете раце, не можете да се пресечете од
сечилото.
Не посегајте под обработуваното парче. Заштитата
не може да Ве заштити од сечилото под
обработуваното парче.
Прилагодете ја длабочината на засекот во
зависност од густината на обработуваното парче.
Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да
биде видлив под работното парче.
128
МАКЕДОНСКИ
M18 FMCS66
..................... 4770 63 02...
...000001-999999
.......................4000 /min
............ 203 x 15,87 mm
.......................... 1,8 mm
........................... 42
...........................66 mm
...........................25 mm
.. 63,5 x 63,5 x 6,35 mm
........................ø 50 mm
...........................66 mm
..........................2,5 mm
...........................18 V
........................5,89 kg
............. 6,4 kg...7,5 kg
.................. -18°C ... +50 °C
.............. M18B...; M18HB12...
...............M12-18...; M1418C6
........................97,2 dB (A)
......................108,2 dB (A)
..........................1,1 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
Никогаш не го држете парчето кое се обработува со
раце или преку нога. Обезбедете го на стабилна
површина. Важно е соодветно да ја потпирате
работата како би ја минимизирале телесната
изложеност, виткањето на сечилото или губењето
контрола.
Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици. Контакт со жица под напон исто така ќе
направи проводници од металните делови и оној кој
ракува со алатот ќе доживее струен удар.
При ракување со рачна пила користете бариера или
водилка под прав агол. Ова ја подобрува прецизноста
на резот и го намалува ризикот од свиткување на
сечилото.
Секогаш користете сечила со соодветна големина и
форма (дијамантски наспроти кружни) или крунски
пили. Сечила кои не одговараат на монтираниот
хардвер на пилата ќе се движат неправилно
предизвикувајќи губење на контролата.
Никогаш не користете оштетени или несоодветни
средства за чистење или ... Тие средства и... Се
специјално наменети за вашата пила, за оптимални
перформанси и сигурност при користењето.
Причини и начин на спречување на повратен ефект.
- повратниот ефект е ненадејна реакција при
откршување, свиткување или изместување на сечилото,
и предизвикува неконтролираното сечило од пилата да
се крене и да излезе од обработуваното парче кон оној
кој работи.
- кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од
...затворањето, запците на сечилото и реакцијата на
моторот ја турка брзо назад кон оној кој работи со неа.
- доколку сечилото се извитка или се измести во
сечењето, забецот на надворешниот раб на сечилото
може да се зарие во горната површина на дрвото
правејќи сечилото да излезе од лежиште и да скокне
кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба
на пилата и/или некоректни работни процедури или
услови и може да биде избегнат со превземање на
соодветни претпазливи постапки наведени подолу.
Држете цврсто со двете раце кои се поставени да
пружат отпор при повратен удар. Поставете го
вашето тело од било која страна на сечилото, но не
во негова линија. Повратниот удар може да
предизвика пилата да потскокне наназад, но јачината
на повратниот удар може да биде контролирана од
операторот доколку се преземени соодветни мерки на
претпазливост.
Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето
од било која причина, ослободете го прекинувачот и
држете го ножот во материјалот без да делувате, се
додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или
да ја повлечете наназед додека сечилото се движи
или може да се појави повратен удар. Испитајте ги и
преземете корективни чекори за да ја елиминирате
причината за свиткување на сечилото.
По рестартирање на пилата во обарботуваното
парче, центрирајте го сечилото на пилата во
крвината и проверете запците на пилата да не се
навлезени во материјалот. Доколку сечилото на
пилата е свиткано, може да тргне нагоре или да излезе
од обработуваното парче, кога таа ќе се стартува.
Потпирајте ги големите панели како би го
минимизирале ризикот од свиткување на сечилото
и повратен удар. Големите панели имаат тенденција
да се свиткаат под сопствената тежина. Мора да
биде поставена потпора под панелот од двете страни,
блиску до линијата на сечење и блиску до работ на
панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила
создаваат остра кривина која предизвикува интензивно
триење, виткање на сечилото и повратен удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот
заклучувач на рачката мора да биде стегнат и
обезбеден пред да се сече. Доколку се промени
подесувањето за време на сечењето може да дојде со
свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини.
Функција на долниот заштитен поклопец
Провререте ја долната заштита дали е соодветно
затворена пред секоја употреба. Не работете со
пилата доколку долната заштита не се движи
слободно и не се затвора моментално. Никогаш не ја
затегнувајте ниту врзувајте долната заштита во
отворена позиција. Доколку пилата падне ненамерно,
долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната
заштита со повлекување на рачката и осигурете се дека
се движи слободно не допирајќи до сечилото или било
кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на
долната заштита. Доколку заштитата и федерот не
се отвораат соодветно, мора пред употреба да
бидат сервисирани. Долната заштита може да
функционира тромо поради оштетените делови,
лепливи остатоци или насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена
само при специјални резови како ,,резови со
забодување,, или ,,сложени резови,,. Кренете ја
долната заштита со повлекување на рачката
веднаш штом сечилото влезе во материјалот,
долната заштита мора да биде отпуштена. При секое
друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или
под. Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика
пилата да тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на
патот. Бидете свесни за потребното време за кое
сечилото престанува да работи, по ослободувањето на
прекинувачот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита
од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не
се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може
да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте
го телото. Користете систем за апсорпција на
прашината и носете соодветна заштитна маска.
Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со
правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење метал,
специфицирани во овој прирачник.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора
да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите
на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и
да излета.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли
на оваа машина!
Ако се оштети или скрши заштитата на сечилото, мора
веднаш да ја замени овластен специјализиран
доставувач. Електричната алата не смее да се користи
со неисправна или оштетена заштита на сечилото!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено
кога ја користите пилата држејжи ја со рака.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја
користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на
батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано
суви.
МАКЕДОНСКИ
129

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis