Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PBD 40 Originalbetriebsanleitung Seite 189

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PBD 40:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
(види слика A)
Пред првата употреба мора да го монтирате
електричниот алат на следниот начин:
– Притиснете го брзиот затегнувач (3) преку столбот за
дупчење (4).
– Поставете го столбот за дупчење (4) во основната
плоча (1) така што чивиите-водилки (25) ќе се вклопат
во водечкиот жлеб (26).
– Цврсто затегнете ја завртката за прицврстување (24)
со клучот со внатрешна шестаголна глава (23).
Монтажа на работна површина (види слика B)
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (18).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Bosch Power Tools
Промена на алат (види слика C)
Погонската единица (12) фабрички се испорачува со
брзозатезна глава со две чаури (16).
Вметнување алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„UNLOCK".
– Свртете ја затезната чаура (29) во насока на стрелките
од часовникот додека не се вметне алатот за
вметнување (17).
– Вметнете го сосема алатот за вметнување (17) држете
го во прифатот за алат и рачно свртете ја затезната
чаура (29) во насока спротивна на стрелките од
часовникот. Притоа цврсто држете го затезниот
прстен (28).
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„LOCK".
Напомена: При вметнување на мали бургии, прво
подесете го прифатот за алат на приближен дијаметар за
дупчење. Инаку постои опасност, бургијата да не може
правилно да се центрира.
Вадење на алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„UNLOCK".
– Свртете ја затезната чаура (29) во насока на стрелките
од часовникот додека не се извади алатот за
вметнување (17).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
По секое подесување, повторно зацврстете ги
u
завртките и затезниот лост на електричниот алат.
Подготовка за работа
Осветлување на работното поле (види слика D)
Погрижете се, непосредното работно поле да биде
доволно осветлено.
– За активирање на екранот (14) свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција 
.
– Вклучете ја единицата за осветлување (22) со
копчето (30).
На екранот (14) се прикажува приказот „Light".
Правилно позиционирање на делот за обработка
(види слика E)
Ласерот со вкрстени линии ви го покажува точното место
на дупчење.
– За активирање на екранот (14) свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција 
.
Македонски | 189
1 609 92A 4N5 | (07.07.2020)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis