Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Milwaukee M18 FMDP Originalbetriebsanleitung Seite 98

Magnetkernbohrmaschine
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für M18 FMDP:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 25
Површината под држачот на дупчалката мора да биде чиста,
цврста рамна, сува и без дупки и лак.
Не изложувајте го стативот на бормашината на дожд и
не употребувајте го во водени, влажни простории или во
простории со опасност од експлозија.
Во текот на целиот процес треба да се врши константен
притисок, за да не паѓаат струготини и брус под рабовите на
фрезата. Како последица на отпадоци од фрезирањето, што
ќе се најдат под фрезата, во дадени случаи може да биде
отежнато или воопшто да не биде извршено фрезирањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
При прекумерно влијание на сила, доаѓа до олабавување на
магнетот.
Да се избегнува контакт со врвовите на фрезата. Одвреме
навреме да се проверува дали постојат олабавени или
оштетени врвови.
За да се обезбеди долг работен век на овие фрези, се
препорачува користење на течност за подмачкување при
сечење.
При работа на коси и вертикални површини како и во висина
над главата, магнетниот држачот на дупчалката треба се
прицврсти со расположивиот сигурносен појас.
Сигурносниот појас треба да се намести на начин што ќе го
спречи држачот на дупчалката при испад на магнетот да се
помести подалеку од лицето кое ракува со дупчалката.
Пред секое користење на сигурносниот појас да се провери
дали истиот е оштетен или амортизиран. Да не се користи
дефектен сигурносен појас!
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Фрезата да се отстрани дури откако ќе се извади материјалот
што се обработува. Материјалот може да биде неочекувано
исфрлен.
АВТО-СТОП ФУНКЦИЈА
Со функцијата АВТО- СТОП машината автоматски ќе се
исклучи во случај на неочекувано достигнување на превисока
ротациона сила врз магнетот. Утврдете ја и отстранете ја
причината за автоматското исклучување, притоа земајќи ги во
предвид сигурносните упатства.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
• кршење на материјалот што се обработува
• преоптоварувања на електичната алатка како резултат на
премногу висока брзина на движење
• нечиста магнетна површина
исклучете ја и повторно вклучете ја машината
ЗА ТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Вклучената машина не продолжува со работа по пад на напон.
За да продолжите со работа, исклучете и повторно вклучете ја
машината.
БЕЗБЕДНОСНА БЛОКАДА НА МОТОРОТ/МАГНЕТОТ
Блокадата на моторот/магнетот е безбедносна
каракатеристика, која спречува напојување на моторот на
дупчалката, ако магнетот не е управуван. Блокадата служи за
тоа да спречи исклучување на магнетот, додека моторот сè
уште работи.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS), 2006/42/EC,
2004/108/EC (до 19 April 2016), 2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 50581:2012
и стандарди
EN 62841-1:2015
Winnenden, 2015-07-28
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C18 за полнење на батерии од C18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Македонски
95
Mak

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis