Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSC 160 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 94

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSC 160 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
OBJ_BUCH-460-004.book Page 94 Friday, April 29, 2016 1:34 PM
94 | Македонски
или заштита за слухот, во зависност од видот и
примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на апара-
тите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот
апарат, пред да го приклучите на напојување со стру-
ја и/или на батерија, пред да го земете или носите.
Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот
на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е
вклучен на напојување со струја, ова може да
предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото. Заста-
нете во сигурна положба и постојано држете рамно-
тежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате
електричниот апарат во неочекувани ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електрич-
ните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее
да го користат лица кои не се запознаени со него или
не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните
апарати се опасни, доколку ги користат неискусни
лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
1 609 92A 2PU | (29.4.16)
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за ножици за лим
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
 Работете само со монтиран одбивач на струготини 2.
Внимавајте одбивачот на струготини да не е оштетен
или свиткан. Со работењето без одн. со оштетен
одбивач на струготини постои опасност од повреда.
Оштетениот одбивач на струготини веднаш заменете го
во овластената сервисна служба на Bosch.
 Носете заштитни ракавици за време на работата и
особено внимавајте на струјниот кабел. Внимавајте
исечените делови од лимот да не ги свиткате во
правец на телото или струјниот кабел. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку
е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот
настрана од телото одн. од струјниот кабел со заштитни
ракавици.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Електричниот апарат не го користете доколку ка-
белот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и
не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот
се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis