Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 10 MX Professional Originalbetriebsanleitung Seite 242

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 MX Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
242 | Македонски
Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција.
– Олабавете ја завртката (38) со испорачаниот крстест
одвртувач (22) колку да можете да го навалите
елементот за прицврстување на осцилаторната
заштитна хауба до крај наназад.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(39) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (22) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (29), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (29) и
одвртете ја завртката (39) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (40).
– Извадете го сечилото за пила (41).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (42).
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
– Поставете ги стезната прирабница (40) и завртката
(39). Притиснете ја блокадата на вретеното (29),
додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Притиснете ја осцилаторната заштитна хауба (5)
нанапред надолу додека завртката (38) не посегне во
соодветниот отвор.
Притоа евентуално ќе морате рачката на алатот да ја
држите за дршката, за да се подеси преднапонот на
осцилаторната заштитна хауба.
– Повторно прицврстете ја осцилаторната заштитна
хауба (5) затегнете ја завртката (38).
– Притиснете на лостот (2) и повторно водете ја
осцилаторната заштитна хауба надолу.
При поставување на затезната прирабница
u
внимавајте на тоа, широката страна да покажува
кон сечилото за пила. При обратно вградување,
сечилото за пила не може да се прицврсти.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач (27) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
1 609 92A 4YL | (14.05.2019)
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (3),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (27).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (27).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на алатот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Повлечете го граничникот за длабочина навнатре,
додека рачката на алатот не може целосно да се
навали надолу за дршката (3).
– Притиснете на лостот (2) и истовремено навалувајте ја
рачката на алатот со дршката (3) надолу додека
транспортниот осигурувач (27) не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Поместување на граничната водилка (види слика G)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (17).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (21).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (17)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21).
По сечење на вертикалните агли на закосување,
повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка
(17) (олабавете ја пеперутка-завртката (21); поместете ја
граничната водилка (17) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја пеперутка-завртката ).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (17).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (18) во
отворите предвидени за таа намена (8).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (43) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (44) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
навојната прачка (44) во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis