Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSS 280 AVE Originalbetriebsanleitung Seite 135

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSS 280 AVE:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики I–
M)
Ставете ја кутијата за прав (7) на млазниците за
издувување (22). Притоа завртете ја така што жлебовите
на кутијата за прав ќе налегнат во млазниците за
издувување и ќе слушнете кога кутијата за прав се
вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Одвртете го филтерот (6) и извлечете го од кутијата за
прав (7). Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со
мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно
чистете го филтерот (6).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (7) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика N)
Ставете едно црево за всисување (23) на млазниците за
издувување (22). Ставете го цревото за всисување (како
што е прикажано на сликата) на млазниците за
издувување, така што страничните отвори на млазниците
за издувување ќе останат слободни. Со тоа се спречува
блокирање на електричниот алат за време на брусењето
на делот што се обработува и се спречува оштетувањето
на квалитетот на површината на истиот.
Цревото за всисување (23) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Bosch Power Tools
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (10), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика E)
Брусната плоча (10) е опремена со леплива лента, така
што брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча (10) пред
да ја наместите на брусниот лист (14), за да овозможите
добро слепување.
Брусниот лист (14) ставете го израмнето на едната
страна од брусната плоча (10), потоа поставете го
брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (14) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (10).
Брусни листови без леплива лента (види слики A–B)
Притиснете го затезниот лост (9) надолу.
Водете го брусниот лист (14) до крај под отворениот
заден терминален блок (8) и отпуштете го затезниот лост
(9).
Отворете го затезниот лост (11).
Брусниот лист (14) поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист (14) под
отворениот преден терминален блок (12) и прицврстете
го брусниот лист со затворање на затезниот лост (11).
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (15) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика D).
За вадење на брусниот лист (14) отворете го затезниот
лост (11) и притиснете го затезниот лост (9) надолу.
Извлечете го брусниот лист.
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
Македонски | 135
Гранулација
40 – 400
грубо
40, 60
средно 80, 100,
120
фино
180, 240,
320, 400
40 – 320
1 609 92A 4J9 | (17.07.2018)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gss 230 ave

Inhaltsverzeichnis