Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 1300 PCE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 118

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSA 1300 PCE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1366-006.book Page 118 Monday, April 18, 2016 5:06 PM
118 | Македонски
Избор на лист за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
почетокот од ова упатство. Ставајте само листови за пила
со ½"-универзален држач. Листот за пилата не треба да
биде подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A)
Свртете ја чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец
на стрелката и држете ја цврсто. Притиснете го листот за
пилата 1 во прифатот за листот на пилата 3. Повторно
отпуштете ја чаурата за блокирање 4.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Вадење на листот за пилата (види слика B)
 Пред да го извадите листот за пила, оставете го да се
олади. Доколку го допрете жешкиот лист на пилата,
постои опасност од повреда.
Свртете ја чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец
на стрелката и држете ја цврсто. Извадете го листот за
пилата 1.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
1 609 92A 2MG | (18.4.16)
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слика C)
Основната плоча 2 поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основна плоча 2 може да се помести по должина во 3
степени во зависност од користениот лист за пила и
употребата. Притиснете го копчето за отклучување 9 и
поместете ја основната плоча 2 во саканата позиција.
Отпуштете го копчето за заклучување 9 и проверете, дали
основната плоча 2 е цврсто вклопена. Доколку е
потребно, поместете ја основната плоча 2 повеќе, додека
не се вклопи цврсто.
Куки за закачување (види слика D)
Со куките за закачување 6 може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 6 во саканата позиција.
 При закачувањето на електричниот уред,
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување 6, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Сијаличката 10 свети, доколку е вклучен струјниот
приклучок и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 8 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 7 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Осцилација
Осцилирањето постојано е во тек за да овозможи голема
брзина на сечењето.
Константна електроника
Константната електроника одржува постојан број на удари
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gsa 1100 e professional

Inhaltsverzeichnis