Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm MSM1038 Übersetzung Der Originalbetriebsanleitung Seite 114

Radialgehrungssäge
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 11
Забелешка: Никогаш не ја користете пилата
без продолжените потпирачи. Проверете дали
се исправно монтирани.
Монтирање на потпирач против кипање.
Монтирајте го потпирачот (24) во жлебот од
задната страна на основата.
Стегнете ја завртката за да го стегнете
пробивачот.
Лизгачки граничник
Сл.2
Од безбедносни причини, машината е
опремена со подвижен граничник за косо
сечење кој се користи при косо и сечење под
наклон.
За нормално право попречно и косо сечење
дотерајте го лизгачкиот граничник (8)
до крајот и стегнете го за да обезбедите
сигурно потпирање на работното парче.
За сечење под наклон, дотерајте го
потпирачот (8) до погодна положба,
најблиску до површината на листот, но
избегнете интерференција на подвижниот
лист и стегнете го.
Измена на листот
Сл. 4 и 5
Користете наострени и
неоштетени листови. Веднаш да го
замените оштетениот или
свитканиот лист.
ОПАСНО: Не користете лист подлог од
наведените капацитетот на пилата. Тој
може да дојде во контакт со браникот и да
предизвика штета.
Не користете многу дебел лист поради кој може
надворешната навртка на листот да го допре
вретеното. Ова оневозможува да се стегне
листот на вретеното со помош на завртката.
Не ја користете пилата за сечење на метал или
ѕид
Исклучете ја машината од напојувањето.
Отстранете ја завртката (20), која го држи
контра лостот (20).
Отстранете ја завртката (19) за да го
извадите навојниот капак, со подигање на
капакот на листот (6).
114
И завртките на листот (17) и прирабницата
(18) сега треба да се видливи, како што е
прикажано на сл. 5.
Притиснете го копчето за блокирање на
листот (22), вртете го листот внимателно, со
рака, додека не забрави.
Користете шестоаголен клуч за
отстранување на завртката на листот (17),
со вртење налево.
Отстранете ја прирабницата (18) и листот.
Заменете го листот, проверувајќи дали
стрелката од листот ја покажува истата
насока со стрелката на машината. Запците
на листот мора да се свртени надолу.
Заменете ја прирабницата и стегнете ја
завртката на листот (17), користејќи го
копчето за забравување (22).
Спуштете го капакот на листот (6) за да
се врати навојниот капак и стегнете ја
завртката (19).
Поставете го контра лостот на капакот на
листот (6) со стегање на завртката (20).
Вртете го листот рачно и проверете го
исправното функционирање на браникот.
Дотерување на резен агол
Сл. 2.
Дотерување на агли за косо сечење
Аголот за косо сечење може да се постави
помеѓу 45° лево и 45° десно
Отстегнете ја рачката за забравување (10).
Притиснете ја папучата забравување (11) и
свртете ја масата на пилата лево или десно,
со забравното копчето (10), додека аголниот
индикатор (23) не го покаже потребниот
агол.
Отстегнете ја папучата за забравување (11)
и стегнете го забравното копче (10).
Претходни поставки (брзи поставки) на
следните степени: -45°, -30°, -22.5°, -15°, 0°,
15°, 22.5°, 30°, 45°.
Притиснете ја папучата за забравување
(11) кога ќе ја свртите основната плоча;
ослободете ја папучата пред да го
постигнете потребниот агол и плочата не
забрави со кликање.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis