Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL BG-ET 5030 Bedienungsanleitung Seite 34

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BG-ET 5030:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_BG_ET_5030_SPK4:_
MK
5. Пред ставање во употреба
5.1. Составување на тримерот за трева
Поставете го заштитниот капак (9) на главата
на моторот (слика 2) и свртете за 90°.
Фиксирајте го заштитниот капак (9) со
навртка (слика 4).
Прицврстете го водечкото тркалкце (7) со 2
навртки (слика 5).
Поставете ја дополнителната дршка (5) на
горната рачка (слика 6). Потоа лесно
извлечете ги двата краја.
Прицврстете ја дополнителната дршка (5) со
навртка (А) и ѕвездеста стега (В) (слика 7).
5.2. Нагодување на висината
Со нагодувањето на висината може да се постави
оптималната работна позиција.
Разлабевете го аретирањето (6) (слика 8) и со
поместување на горната рачка нагодете ја
саканата висина.
Потоа стегнете го аретирањето (6).
5.3. Нагодување на дополнителната дршка:
Поставете го тримерот за трева цврсто на земја.
Разлабавете ја ѕвездестата стега (слика 7, поз. Б)
и нагодете ја оптималната позиција на
дополнителната дршка. Со стегање на
ѕвездестата стега се фиксира дршката.
5.4. Нагодување на аголот на нагиб:
Аголот на нагиб може да биде нагоден во 4
степена. За таа цел притиснете го копчето (слика
1, поз. 10) и нагодете го саканиот агол на нагиб.
Потоа повторно пуштете го копчето.
6. Употреба
Тримерот за трева поседува комплетно
автоматски систем за продолжување на конецот.
Доколку како резултат на употребата конецот од
тримерот за трева се скрати на Ø 240 mm,
конецот автоматски се продолжува на
максималната ширина на сечење (околу 300 mm).
Тоа значи дека секогаш можете да работите со
оптимална ширина на сечење.
Упатство: Доколку вашата машина ја пуштате
првпат во работа, ножот за сечење на
заштитниот капак го сече евентуалниот вишок на
крајот на конецот.
34
26.09.2008
9:26 Uhr
Seite 34
Доколку конецот е прекраток при првото
пуштање во употреба, притиснете го копчето на
калемот за конецот и силно извлечете го
конецот. При првото придвижување, конецот
автоматски се крати на оптималната должина.
За да добиете максимален учинок од вашиот
тример за трева, потребно е да ги следите
следните инструкции:
Не го употребувајте тримерот за трева без
заштитен елемент.
Не косете, доколку тревата е влажна.
Најдобри резултати се постигнуваат кога
тревата е сува.
Приклучете го мрежниот кабел на
продолжниот кабел и закачете го на дршката.
(слика 9)
За да го вклучите вашиот тример за трева
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (слика 1 / поз. 3).
За исклучување на вашиот тример за трева,
отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (сл. 1 / поз. 3).
Тримерот за трева приближете го до тревата
само кога прекинувачот е притиснат односно
кога тримерот за трева работи.
За да косите исправно, нишајте го апаратот
странично и одете напред. Притоа држете го
тримерот за трева во наклон од околу 30°
(види слика 10 и слика 11).
Кај долга трева, таа мора да се коси
постепено, почнувајќи од врвот (види слика
12).
Искористете го водењето за рабови како и
заштитниот капак за да избегнете
непотребно абење на конецот.
Држете го тримерот за трева настрана од
тврди предмети за да избегнете непотребно
абење на конецот.
Употреба на тримерот за трева за сечење
рабови
За сечење рабови кај трева и леи, тримерот за
трева може да се пренамени на следниот начин:
Исклучете го електричното напојување на
тримерот за трева.
Целосно ослободете го аретирањето (6) и
свртете ја горната рачка (2) за 180° надесно.
Повторно стегнете го аретирањето (6).
На тој начин тримерот за трева се
пренаменува во уред за сечење рабови, со
којшто може да се изведуваат вертикални
засеци на тревата (слика 13).

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

34.014.63

Inhaltsverzeichnis