Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL 45.013.73 Originalbetriebsanleitung Seite 89

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_BG_PC_4040_SPK4:_
Мешавина на горивото
Помешајте го горивото со двотактно масло во
соодветен сад. Протресете го садот за да дојде
до соодветно мешање.
Внимание: За оваа пила никогаш не
употребувајте чист бензин. На тој начин се
оштетува моторот и го губите правото на
гаранција за овој производ. Не употребувајте
мешавина на гориво што стоела подолго од 90
дена.
Внимание: Мора да се употребува
специјално двотактно масло за двотактни мотори
со воздушно ладење, со однос на мешање од
40:1. Не употребувајте двотактно масло со однос
на мешање од 100:1. Недоволните масла го
оштетуваат моторот и во тој случај го губите
правото на гаранција за моторот.
Мешавина на бензин и масло 40:1 Само масло
Препорачани горива
Некои бензини во оптек се мешани со мешавини
како алкохолни или етерни соединенија, за да ги
исполнат нормите за чисти издувни гасови.
Моторот работи задоволително со сите видови на
бензин заради самопогон, а исто така и со
бензини збогатени со кислород.
Најдобро употребувајте безоловен нормален
бензин.
Масла за ланец и управувачка шина
Секогаш кога се полни резервоарот за бензин,
мора да биде дополнет и резервоарот за масло
за ланецот. За таа цел се препорачува да се
употребува масло за ланци што може да се најде
во продажба.
Контроли пред вклучување на моторот
Внимание: Никогаш не вклучувајте ја пилата
ниту работете со неа, доколку шината и ланецот
не се исправно монтирани.
1. Наполнете го резервоарот за гориво (A) со
вистинската мешавина на гориво (сл. 8).
2. Наполнете го резервоарот за масло (B) со
масло за ланецот (сл. 8).
25.08.2011
9:09 Uhr
Seite 89
3. Уверете се дека кочницата за ланецот (C) е
одглавена пред вклучувањето на моторот (сл.
8).
По полнењето на резервоарот за ланецот и за
масло прицврстете ги капачињата од
резервоарите со рака. За ова не
употребувајте алат.
6. Употреба
6.1 Вклучување на моторот
1. За вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување / исклучување (A) во позиција
"Вкл (I)" (сл. 9A).
2. Извлекувајте ја Choke-рачката (B) (сл. 9B)
додека да легне.
3. Притиснете го копчето (C) на пумпата за
бензин 10 пати (сл. 9c).
4. Положете ја пилата на цврста и рамна
подлога. Држете ја пилата со нога цврсто,
како што е прикажано. Повлечете го
стартерот брзо двапати. Внимавајте на
ланецот што се движи! (сл. 9D).
5. Втурнете ја внатре Choke-рачката (B) до
аншлаг (сл. 9B).
6. Држете ја пилата цврсто и повлечете го
стартерот брзо четирипати. Моторот треба да
стартува (сл. 9D).
7. Дозволете моторот да загрее во период од 10
секунди. Потоа притиснете ја кратко рачката
за гас (D), моторот преминува во „празен од"
(сл. 9E).
Ако моторот не се стартува, повторете ги горе
опишаните чекори, додека моторот не премине
во празен од.
Внимание: Сајлата за стартување секогаш
повлекувајте ја полека до првиот отпор, пред
истата да биде брзо повлечена заради
стартување. Не дозволувајте, по успешното
стартување, сајлата за стартување да излета
наназад, додека се собира.
6.2 Повторно вклучување на топол мотор
1. Уверете се, дека прекинувачот е поставен на
ВКЛ.
2. Повлечете ја сајлата за стартување
максимално шестпати. Моторот треба да
стартува.
MK
89

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Bg-pc 4040

Inhaltsverzeichnis