Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PPS 7S Originalbetriebsanleitung Seite 316

Unterflursäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PPS 7S:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 15
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 316 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
316 | Македонски
Поставка на висината на клинот за расцепување
(види слики O1–O2)
За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на
клинот за расцепување.
 Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
– Отстранете ја заштитната хауба 3 и ласерската единица
41 од клинот за расцепување 4.
– Олабавете ги завртките на плочата за вметнување 5 со
инбус клучот 13 и подигнете ја плочата за вметнување
од столот на пилата.
– Свртете ја курблата 18 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
28 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
Поставете го еден вертикален агол на закосување на
листот на пилата од 45°. (види „Подесување на
вертикалниот агол на закосување", страна 314)
– Олабавете ги завртките 60 со инбус клучот 13, се
додека клинот за расцепување 4 дозволува да се
поместува.
– Поставете го еден вертикален агол на закосување на
листот на пилата од 0°.
Свртете ја курблата 18 наспроти стрелките на
часовникот, се додека запците на листот на пилата 28
не се наоѓаат на посакуваната висина (= длабочината на
жлебот) над столот на пилата 7.
– Притиснете го клинот за расцепување 4 надолу, додека
клинот за расцепување не стои повеќе од 5 mm под
горните запци на пилата.
– Свртете ја курблата 18 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
28 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
Поставете го еден вертикален агол на закосување на
листот на пилата од 45°.
– Повторно зацрвстете ги завртките 60 на клинот за
расцепување.
– Зацврстете ја плочата за вметнување 5 повторно во
столот на пилата.
1 609 92A 0VR | (6.11.14)
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
– За вклучување притиснете на зеленото копче за
вклучување 16.
– За исклучување притиснете го црвеното копче за
исклучување 17.
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на
електричниот апарат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот
апарат, одново притиснете на зеленото копче за
вклучување 16.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 При секое сечење Вие морате да се осигурате, дека
листот на пилата не може во никој случај да ги
допира граничниците (лизгачката шина 31 или
шината на граничникот 36 на универзалниот
граничник) или други делови на уредот.
 Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
 Не го користете електричниот апарат за правење
процепи (жлебови во делот што се обработува).
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. ДелотПредметот за
обработка мора да има секогаш прав раб за поставување
на универзалниот граничник.
Секогаш чувајте ја подвижната водечка летва на
електричниот апарат.
Позиција на корисникот (види слика P)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– За тесни парчиња и при вертикални агли на закосување
секогаш користете ја испорачената прачка за движење
12 и универзалниот граничник 1.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis