Anleitung_BG_EL_2100_2500E_SPK4:_
всмукување кон лица или животни.
Машината смее да биде употребувана само
во разумни периоди, не премногу рано и не
доцна навечер, кога би можело да им се
пречи на други. Потребно е да се почитуваат
зададените периоди од страна на локалните
власти.
За извршување на работите, машината е
потребно да работи со, по можност,
најнискиот број на вртежи на моторот.
Пред почетокот дувањето, со гребло и метла
се отстрануваат туѓите тела.
При услови на прашина површината лесно да
се навлажни или, доколку е можно, да се
користи додаток за наводнување.
Да се употребува целиот додаток со цевчиња
за дување, за воздушната струја да може да
работи близу до површината.
Внимавајте на деца, домашни животни,
отворени прозорци и оддувувајте ги туѓите
тела безбедно.
Одржување и чување
Водете грижа за тоа, сите навртки, завртки и
болцни да бидат постојано прицврстени, за да
бидете сигурни дека апаратот се наоѓа во
сигурна состојба и е подготвен за работа.
Проверувајте ја често вреќата за собирање по
однос на искористеност и изобличувања.
Употребувајте само оригинални резервни
делови и додатоци.
Од безбедносни причини заменувајте ги
искористените или оштетените делови.
Неупотребуваните електро-уреди треба да
бидат складирани на суво место.
Доколку водот за мрежен приклучок на овој
апарат се оштети, мора да биде заменет од
страна на производителот или од службата за
клиенти или, пак, од квалификувано лице, за
да се избегнат опасности.
Овој апарат може да биде приклучен на секој
штекер со осигурач од најмалку 10 А (со 230 V
наизменичен напон). Штекерот да се обезбеди со
прекинувач за заштита од погрешна струја (FI).
Излезната струја смее да изнесува најмногу
30 mA.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и на инструкциите можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
02.07.2008
16:35 Uhr
Seite 41
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
Објаснување на табличката со упатства на
апаратот (види слика 8)
1. Пред ставање во употреба прочитајте го
Упатството за употреба.
2. Апаратот да не се употребува во случај на
дожд или снег. Заштитете го апаратот од
влажност.
3. Држете трети лица настрана од подрачјето на
опасност.
4. Да се носи заштита за очи и уши.
5. При чистење и одржување, апаратот да се
исклучи и да се извлече утикачот од
штекерот.
6. Ротирачки делови! Држете ги рацете и нозете
подалеку од отворите.
2. Опис на уредот (слика 1/1a)
1. Цевка за всмукување напред
2. Цевка за всмукување назад
3. Рачка
4. Носечки ремен
5. Прекинувач за вклучување/исклучување
6. Мрежен вод
7. Вреќа за собирање
8. Преприклучувач за всмукување/издувување
9. Подвижни тркалца
10. Реглер на бројот на вртежи (само кај
BG-EL 2500 E)
3. Употреба согласно намената
Апаратот за всмукување/издувување лисја е
одобрен за користење само за лисја и
градинарски отпадоци како трева и ситни гранки.
Поинаква употреба не е дозволена.
Оваа машина смее да се употребува само за
нејзината намена. Секаква употреба надвор од
тој домен не соодветствува на намената. За
штети и повреди од секаков вид предизвикани од
таквата употреба гарантира
корисникот/операторот, а не производителот.
Ве молиме имајте предвид дека нашите уреди,
согласно регулативите, не се конструирани за
комерцијална, занаетчиска или индустриска
употреба. Ние не преземаме гаранција, ако
уредот се употребува во комерцијални,
занаетчиски или индустриски претпријатија како
и при слични активности.
MK
41