Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MCS 470 Li 80 Serie Gebrauchsanweisung Seite 434

Handgeführter batteriebetriebener rasenmäher

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 96
6.4
РАБОТА
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте
безбедно растојание од уредот со сечивото која
се определува со должината на ракофатот.
Автономијата на батеријата (што значи
обработена површина тревник пред повторно
полнење) вообичаено е условена со разни
фактори дадени во (пасус 7.2.1).
Кај некои модели има сијалички кои во текот
на работата сигнализираат кога нивото на
наполнетост на батеријата е многу мало (пасус 7.2.2).
Кај моделите каде што има предвиден екран
(ракофат, тип „II"/„III"), во текот на употребата се
прикажува состојбата на наполнетост на батеријата
(процент на преостанато полнење) (сл.17.E).
ВАЖНО Во случај кога во текот на работата
моторот ќе престане да работи заради
прегревање, неопходно е да почекате приближно
5 мин. пред повторно да го вклучите.
6.4.1
Косење трева
1.
Започнете ги движењето и косењето
во средина со трева.
Прилагодете ја брзината на движење и/или
2.
подигнете ја висината за косење (пасус 5.4)
согласно условите на тревникот(висина,
густина, влажност на тревата) и на
квалитетот на распостелената трева.
Кај моделите со ракогат од типот „II"/„III"
и со погон (пасус 5.3.3): Не се препорачува
косење на терени со закосеност над 15°.
3.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед
ако косењето се изведува секогаш на иста
висина и наизменично во два правци (сл.25.0).
Во случај на страничен испуст: се
препорачува да се изврши преглед за да се
избегне исфрлање на покосената трева на
делот од тревникот што треба да се коси.
Во случај на „сечкање":
• Секогаш избегнувајте да косите огромна количина
на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина
од вкупната висина на едно поминување (сл.25.0).
• Одржувајте ја шасијата секогаш
убаво исчистена (пасус 7.3.1).
6.4.2
Совети за одржување убав тревник
• За да одржувате тревник со убав изглед, зелен
и мек, потребно е редовно косење. Тревникот
може да се состои од повеќе видови трева. Со
често косење, најмногу растат треви коишто
развиваат многу корени и формираат солидна
тревна покривка. Во спротивно, ако косењето се
одвива поретко, претежно се развиваат високи
треви и коров (детелина, маргаритки и сл.)
Зачестеноста на косење треба да се координира
со растот на тревата, избегнувајќи при тоа
тревата да нарасне премногу меѓу две косења.
• Оптималната висина на тревата на добро одржуван
тревник е околу 4-5 см и во едно косење не треба
да се оди повеќе од една третина од вкупната
висина. Ако тревата е многу висока, подобро е
да косите на двапати, со растојание од еден ден.
Првиот пат со уредот со сечивото на максимална
висина, а вториот пат на саканата висина.
• Mногу ниско косење предизвикува корнење
и проретчување на тревната површина
со што остануваат „голи места".
• Во периоди кога времето е студено и врнежливо,
тревата треба да се одржува делумно висока
за да се намали сушење на теренот.
• Секогаш се претпочита да се коси тревата кога
тревникот е сув. Не косете ја тревата кога е
наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на
уредот со сечивото врз тревата бидејќи ќе се лепи
и ќе предизвика заглавување со залепена трева.
• Уредот со сечивото треба да е интегрирано
и добро наострено за да може сечењето
да биде уредно и без шаренила коишто
доведуваат до пожолтување наместа.
6.5
ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
1a.
Модели со ракофат, тип „I"
• Пуштете ги двете рачки (сл.27.A).
1b. Модели со ракофат тип „II"/
„III" - Напредни Серии
• Пуштете ги двете рачки (сл.28.A).
2.
Почекајте да застане уредот за сечивото.
Штом ќе ја застанете машината, потребни
се неколку секунди пред да застане уредот со
сечивото.
ВАЖНО Застанете ја секогаш машината:
• При менување на локацијата на работа.
• При преминување на терени каде нема трева.
• Секојпат кога треба да поминете
преку некоја пречка.
• Пред да ја регулирате висината на косење.
• Секојпат кога го вадите или поставувате
дефлекторот за страничниот
испуст (ако е предвидено).
6.6
ПО РАБОТАТА
1. Застанете ја машината (пасус 6.5).
2.
Отворете го капачето и извадете
го безбедносниот клуч.
3.
Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.3).
4.
Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
5.
Исчистете ја машината (пасус 7.3).
MK - 9

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Mcs 500 li 80 serie