Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MCS 470 Li 80 Serie Gebrauchsanweisung Seite 427

Handgeführter batteriebetriebener rasenmäher

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 96
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да го
запирате моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не ги знаат
основните упатствата. Локалните законски прописи
ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење
и одржувањето доколку не се под надзор.
• Никогаш не користете ја машината
доколку корисникот е во состојба на
замор или изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот за
навремено реагирање или внимание.
• Не пренесувајте деца или други патници.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
ја машината со боси нозе или отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја
намалува можноста да ги слушнете можните
предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она
што се случува околу областа за работа.
• Носете ракавици за работа во сите
ситуации каде има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за
работа и отстранете сè што би можело да
биде исфрлено од машината и да ги оштети
уредот за сечење/ротирачки делови (камења,
гранки, железни остатоци, коски, итн.).
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление и
при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните
од областа за работа. Неопходно е децата да
бидат под надзор на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева,
кога врне и кога ризик од временска
непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд
или влажни услови. Водата што може да
навлезе во електричниот дел го зголемува
ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на
стрмнини, дупки или препреки. Машината може
да се преврти ако едното тркало поминува
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на
косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш
попреку внимавајќи при тоа на менувањето на
правецот одржувајќи правилна потпора и да
избегнувате тркалата да удираат на пречки
(камења, гранки, корења и сл.) со што може да
се предизвика странично лизгање, превртување
или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц
или наназад. Погледнете зад неа пред и
при движење наназад за да обезбедите
дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од уредот со сечивото, особено при палење на
моторот и додека работите со машината.
• Внимание: делот со сечивото продолжува да
се врти уште неколку секунди откако ќе се
исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
• Секогаш стојте оддалечено од
испустот за празнење.
Во случај на дефект или инциденти во
текот на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да не
предизвикате други оштетувања. Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на трето
MK - 2

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Mcs 500 li 80 serie