Herunterladen Diese Seite drucken

Workers best WB 600 PS Bedienungsanleitung Seite 86

Werbung

Вшмукување прашина
Осцилирачката убодна пила е опремена со отвор за вшмукување деланки на
којшто можете да приклучите повеќенаменски вшмукувач или правосмукалка за
домаќинство. Вшмукувањето се одвива директно од листот на пилата преку каналот за
вшмукување до правосмукалката. Пред листот на пилата со помош на транспарентен
заштитен капак се формира комора која што се празни постојано. Предности на
вшмукувањето: непречен преглед на местото на сечење, чисто работно место и
воздух кој не е загаден со прашина.
Пуштање во работа
• Вклучете ја убодната пила и ставете ја рамката на пилата врз предметот за обработка.
• Пилата движете ја пополека врз претходно обележаниот раб на сечење и пополека
движете ја убодната пила.
• Убодната пила притиснете ја цврсто врз предметот за обработка. Во спротивно
убодната пила може да вибрира и да се скрши листот на пилата.
Длабинско сечење
Ако пилата не е поставена на страната на предметот којшто треба да се сече или
ако не е неправена дупка, морате да примените „длабинско сечење". Тоа се прави на
следниов начин:
• Поставете ја убодната пила со заоблената предна страна на рамката на пилата.
• Вклучете ја убодната пила и оставете го листот да се лизга пополека надолу додека
да го допре предметот за обработка.
• Сега предадете ја работата на пилата и оставете го листот да сече длабински
пополека во предметот за обработка.
• Кога веќе сте направиле длабинско сечење во предметот за обработка, можете да
продолжите да сечете со убодната пила во нормална положба.
За овој вид сечење можете, исто така, прво да направите дупка со помош на дупчалка
(која што е доволно голема за листот на убодната пила). На крајот направете ги
соодветно гореспоменатите чекори.
Одржување
Пред да почнете со одржување или чистење извлечете го мрежниот приклучок од
дозната. Никогаш не користете вода или други течности за чистење на електричните
делови на пилата.
• Рамката на пилата секогаш да биде чиста со цел при сечењето да не се појави
непрецизност.
• Надворешноста на пилата треба секогаш да биде чиста со цел сите делови секогаш
да можат да се движат правилно и да не се абат.
• Отворите за вентилација на моторот треба секогаш да бидат чисти со цел моторот
да не прегрее.
1247870_Stichsä g e_WB 600 PS_BDA.indd 85
1247870_Stichsä g e_WB 600 PS_BDA.indd 85
85
18.01.21 09:38
18.01.21 09:38

Werbung

loading