Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0 611 917 100 Originalbetriebsanleitung Seite 228

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
228 | Македонски
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Пред каква било интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, притиснете го
копчето за фиксирање, за да го фиксирате
прекинувачот за вклучување/исклучување. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (12).
Осигурајте се дека дополнителната рачка е
u
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика B)
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(12) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни Ви се SDS-max-
алати, што ќе се вметнат во SDS-max-главата за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
1 609 92A 88X | (24.10.2022)
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-max)
Ставање на алатот за вметнување (види слика C)
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Притиснете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
поставете го алатот за вметнување вртејќи во
прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за
заклучување (4) за да го фиксирате алатот за
вметнување.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика D)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте капакот (15) наBluetooth
u
модулот GCY 42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
Подесување на режимот на работа (види слика E)
Со прекинувач за запирање на вртењето (5) изберете го
начинот на работа на електричниот алат.
®
Low Energy
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gbh 18v-40 c professional