Herunterladen Diese Seite drucken

Beko BBIM11300XFP Installationsanleitung Seite 29

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
Ако производот е произведен со
кабел но без приклучок
• Поврзете го кабелот на производот со
доводот на струја како што е наведено
подолу:
- Кафеав/црн кабел = L (фаза)
- Плав кабел = N (нулти)
- Зелен/жолт кабел = (E)
(заземјување)
Ако производот е произведен без
кабел и приклучок
Електричен кабел со карактеристики
наведени во табелата со технички
спецификации мора да биде поврзан со
производот со следење на упатствата.
Електричниот кабел не смее да биде
подолг од 2 m поради безбедносни
причини.
• Отворете го со шрафцигер капакот на
терминалот.
• Вметнете го електричниот кабел во
држачот за кабел под терминалот и
прицврстете го со интегриран шраф
за главниот елемент на делот за
придржување на кабелот.
• Поврзете ги каблите според дадениот
дијаграм.
- N = Нулти (Плав)
- L = Активен-Фаза (Кафеав/црн)
- E = Заземјување
- C = Стегач на кабелот
• После поврзувањето на жиците,
затворете го капакот на терминалот.
• Поврзете го електричниот кабел за
доводот на струја така што ќе му
направите патека да не го допира
28
(Зелен/жолт)
производот и да не се гмечи помеѓу
производот и ѕидот.
Заштита од евентуален пожар!;
• Погрижете се сите електрични
поврзувања да бидат безбедни и
цврсти за да се избегне опасност од
искри.
• Не користете оштетени електрични или
продолжни кабли.
• Погрижете се местото на електрично
поврзување да нема никаков допир со
течност или влага.
Местење и фиксирање на
производот (Слика 5-6)
• Ставете го уредот врз елементот
на мебелот, при што треба да го
центрираат две или повеќе лица.
• Ако вашиот производ е опремен со
телескопска шина, мора да се даде
наклон од најмалку 0,3 степени
кон задниот дел на рерната за
телескопските шини да работат
правилно. За ова, откако ќе го ставите
производот на мебелот, поставете
го либето на телескопската шина
како што е прикажано на слика 5 и
проверете дали аголот на наклон кон
задниот дел на рерната е најмалку 0,3
степени.
• Фиксирајте го производот за мебелот
со помош на приложените шрафови.
(Слика 6)
• На крајот на инсталирањето, проверете
дали шрафовите се добро прицврстени
и производот добро фиксиран. Ако
производот не е инсталиран во
согласност со упатствата и шрафовите
не се добро прицврстени, постои
опасност производот да се преврти
додека се користи.
Завршна проверка
• По инсталирањето, поврзете го
производот со електричната мрежа.
• Прочитајте го упатството за употреба
во врска со првата употреба на
производот.
• Проверете ги функциите на производот.
Вадење на производот
• Исклучете го производот од
електричната мрежа.
• Одвртете ги шрафовите со кои е
прицврстен.
• Внимателно подигнете го производот
со помош на две или повеќе лица и
целосно извадете го.

Werbung

loading