Herunterladen Diese Seite drucken

Beko BBIM11300XFP Installationsanleitung Seite 28

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
Ако производот биде ставен во
агол: (Слика 4а-4б)
• Треба да се обрне внимание на
зададените димензии за да се изведе
инсталирањето во агол на слика 4а и 4б.
Поврзување на уредот во
електричната мрежа
• Поврзете го производот само на
штекер/линија со заземјување
со волтажа и заштита како што е
наведено во "Технички спецификации".
Заземјувањето нека го направи
квалификуван електричар додека
го користите производот со или без
трансформатор. Нашата фирма нема
да одговара за никакви оштетувања
што ќе настанат ако производот се
користи без заземјување во согласност
со локалните прописи.
• Пред да се започне со работа на
електричната инсталација, исклучете
го производот од електричната мрежа.
Може да настане струен удар!
• Производот мора да го поврзе на
електричната мрежа само овластено
и квалификувано лице. Гаранцијата
на производот почнува да тече дури
откако ќе биде исправно инсталиран.
Производителот нема да биде
одговорен за штетите кои ќе настанат
од работите што ќе ги изведат
неовластени лица.
• Производот мора да се инсталира така
што ќе може потполно да се исклучи од
електричната мрежа. Сепарирањето
мора да се направи со специјален
прекинувач вграден во фиксната
електрична инсталација, во согласност
со градежните прописи.
• Задната површина на рерната се
загрева кога се користи. Внимавајте
електричното поврзување да не дојде
во контакт со задната површина, инаку
конекциите може да се оштетат.
• Кабелот за поврзување не смее да
биде притиснат, извиткан или потфатен
ниту да доаѓа во допир со жешките
делови на рерната. Така може да дојде
до краток спој на рерната и таа да се
запали поради топењето на кабелот.
Ако се оштети електричниот кабел,
мора да го замени квалификуван
електричар. Во спротивно може да
настане струен удар, краток спој или
пожар!
• Приклучокот на електричниот кабел
треба да биде лесно достапен по
инсталирањето (но да не биде над
ринглите).
• При поврзувањето на жиците, мора да
ги задоволите националните/локалните
електрични прописи и да користите
штекер/линија и приклучок погодни
за рерната. Ако ограничувањата
на вредностите на струјата на која
работи производот го надминуваат
капацитетот на приклучокот и
штекерот/линијата, мора да го поврзете
производот директно за фиксната
електрична инсталација без да ги
користите приклучокот и штекерот/
линијата.
• Внимавајте осигурувачот да одговара
на производот.
• Поврзувањето мора да биде во
согласност со националните прописи.
• Податоците за електричната мрежа
мора да бидат во согласност со
податоците што се наведени на
етикетата за типот на производот.
Отворете ја предната врата за да го
видите типот на производот.
• Електричниот кабел на производот
мора да одговара на вредностите
наведени во табелата во делот
"Технички спецификации".
• Ако производот биде поврзан
директно за доводот на струја:
Ако не е можно да се прекинат сите
полови на доводот на струја, мора да
се поврзе и единица за прекинување
со најмалку 3 mm слободен простор
за контакт (осигурувачи, сигурносни
прекинувачи, контактори) и сите полови
на оваа единица мора да бидат во
близина на производот (не над него)
во согласност со IEE директивите.
Пропустот да се следи ова упатство
може да води до проблеми во
работењето на производот и
гаранцијата може да изгуби важност.
• Се препорачува дополнителна заштита
со додатен прекинувач на струја.
Ако производот е произведен со
кабел и приклучок
• Вашиот производ е произведен
со електричен кабел и приклучок.
Ставете го приклучокот на производот
во заземјен штекер и поврзете го со
електричната мрежа.
27

Werbung

loading