Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0 607 451 60 Originalbetriebsanleitung Seite 265

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
OBJ_BUCH-1663-004.book Page 265 Wednesday, November 23, 2016 10:53 AM
– Прилагодете го вртежниот момент со пробно
зашрафување во зависност од материјалот (цврст,
среден, мек).
– Проверете го вртежниот момент со електронски мерен
уред за вртежен момент или момент-клуч.
Подесување на аголната глава на одвртувачот
Аголната глава на одвртувачот 2 со прифат за алат 1 може
да се подеси бесстепено за 360°. Притоа одвртувачот
може да го зацврстите во дадените граници на затегање 8.
0 607 451 60./... 453 62. (види слика J1)
– Олабавете ја преклопната навртка 3 со вилушкаст клуч.
– Вртете ја аголната глава на одвртувачот 2 до саканиот
агол за работа, најмногу до 360°.
– Повторно зацврстете ја преклопната навртка.
0 607 452 60. (види слика J2)
– Олабавете ја контра-навртката 4, при што со соодветен
алат ќе ја закачите контра-навртката во отворот и ќе
вртите во правец на стрелката a (лев навој).
– Аголната глава на одвртувачот вртете ја 2 во правец на
стрелката b, додека не го постигнете саканиот агол на
работа, најмногу за 360°.
– 2 Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот во оваа
позиција, при што ќе ја свртите контра-навртката 4 во
правец на стрелката c наспроти аголната глава на
одвртувачот. Повторно зацврстете ја контра-навртката
4 со затезен момент од макс. 80 Nm.
0 607 457 60. (види слика J3)
Ви препорачуваме, прифатот за алат 1 да го зацврстите во
менгеме.
– Олабавете ја преклопната навртка 3 до половината на
навојот од одвртувачот, при што ќе закачите еден
кукаст клуч во отворот на преклопната навртка и ќе
свртите на десно.
– Извлечете ја аголната глава 2 од одвртувачот,
поставете го саканиот агол на работа и повторно
вметнете ја главата на шрафот.
– Повторно зашрафете ја преклопната навртка 3 и
зацврстете ја со кукаст клуч.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Замена на федер спојката (види слика K)
0 607 453 62.
Доколку се работи со други вртежни моменти како што е
наведено во техничките податоци, федер спојката 31
може да се замени.
– Отшрафете го куќиштето 5 (лев навој!).
– Извадете ја спојката 29 од куќиштето 5 и извадете го
сигурносниот прстен 30.
– Вметнете го алатот за подесување 27 во отворот на
плочката за подесување 26 и вртете на лево, додека
вградената федер спојка 31 целосно не се затегне и
може да се извади.
– Заменете ја вградената федер спојка 31 со нова.
Bosch Power Tools
– Повторно составете го пневматскиот алат по обратен
редослед.
– Подесете го вртежниот момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 11 и извадете ги честичките прав и нечистотија
од филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата
за црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 12 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 262) и оставете го да
работи 5–10 с, додека не го соберете маслото што капе
со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Редовно одржување
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
– По околу 100000 зашрафувања подвижните делови на
спојката, намастете ги со неколку капки моторно масло
SAE 10/SAE 20, лизгачките и ротирачките делови
подмачкајте ги со Molykote маст. Потоа проверете го
подесувањето на спојката.
– По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и
проверете дали пневматскиот алат има зголемени
вибрации.
Македонски | 265
1 609 92A 37H | (23.11.16)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

0 607 452 600 607 453 620 607 457 60