Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL RG-EC 2240 TC Originalbetriebsanleitung Seite 67

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RG-EC 2240 TC:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_RG_EC_2240_TC_SPK4:_
на секои 10 минути проверувајте го затегањето
на ланецот, за да ја зголемите вашата сигурност!
Особено нови ланци за сечење се склони на
зголемено проширување.
Кочница за ланец
Проверете го функционирањето на кочницата за
ланецот како што е опишано во „Заштитни уреди"
и ослободете го.
Заштитна облека
Безусловно носете соодветна, тесностоечка
заштитна облека како пантолони за заштита од
сечење, ракавици и сигурносни чевли.
Заштита за уши и заштитни очила.
При цепење и работа во шума безусловно носете
заштитен шлем со интегрирана заштита за уши и
лице. Таквиот шлем нуди заштита од гранки што
паѓаат и од ластарки што вибрираат наназад.
6.2 Објаснување за правилното постапување
при основни работи.
Сечење дрва (слика 14 - 17)
Ако се сече и цепи истовремено од страна на две
или повеќе лица, растојанието помеѓу лицата што
сечат и цепат треба да изнесува најмалку двојна
висина од дрвото што се сече (слика 14). При
сечење дрва треба да се внимава на тоа, други
лица да не бидат изложени на опасност, да не се
погодат водови за напојување и да не бидат
предизвикани материјални штети. Доколку некое
дрво дојде во допир со вод за напојување, за тоа
веднаш да се информира надлежната компанија
за напојување со електрична енергија.
При сечење на стрмнини, операторот на пилата
со ланец мора да се наоѓа на теренот над дрвото
што се сече/цепи, бидејќи дрвото по паѓањето ќе
се тркала или лизга надолу (слика 15).
Пред паѓањето мора да се испланира пат за
бегство и, по потреба, тој да биде ослободен.
Патот за бегство мора да води оддалечувајќи се
од очекуваната линија на паѓање косо наназад,
како што е прикажано на слика 16 (А=опасна
зона, B= насока на паѓање, C=област за бегство).
Пред паѓањето предвид треба да се земат
природниот нагиб на дрвото, положбата на
поголемите гранки и насоката на ветарот, за да
може да се оцени насоката на паѓање на дрвото.
Нечистотијата, камењата, лабави кори, игли,
спајалки и жици треба да се отстранат од дрвото.
Поставување рез за цепење (слика 17)
Исечете еден рез (А) во десниот агол кон
насоката на паѓање со длабочина од 1/3 од
30.06.2009
10:24 Uhr
Seite 67
дијаметарот на дрвото, како што е прикажано на
слика 17. Најпрво извршете го долниот
хоризонтален рез за цепење (1). На тој начин се
спречува заглавување на ланецот за сечење или
на водечката шина при поставување на вториот
рез за сечење.
Поставување засек за сечење (слика 17)
Поставете го засекот за сечење најмалку 50 mm
над хоризонталниот рез за цепење. Извршете го
засекот за сечење (B) паралелно на
хоризонталниот засек за цепење. Засекот за
сечење засечете во длабочина, така што ќе
остане да стои само една патека (паѓачка
позиција) (D), којшто може да дејствува како
шарка. Патеката спречува, дрвото да се врти и да
падне во погрешна насока. Не пресекувајте ја
патеката. При приближување на засекот за
сечење до патеката, дрвото би требало да почне
да паѓа. Ако се покаже, дека дрвото можеби не
паѓа во саканата насока на паѓање (C) или се
нагибува наназад, а ланецот за сечење се
заглави, прекинете со засекот за сечење, а за
отворање на засекот и за пренасочување на
дрвото во саканата линија на паѓање употребете
клинови од дрво, пластика или алуминиум.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, отстранете ја
пилата со ланец од засекот, исклучете ја,
оставете ја и напуштете ја опасната зона преку
планираниот пат за бегство. Внимавајте на
гранки што паѓаат и не се сопнувајте.
Разголување на дрвото
Под овој поим се подразбира отстранување на
гранките од паднатото дрво. При разголувањето
на почетокот оставете ги гранките што се
насочени надолу и што го потпираат дрвото, сè
додека не се исече стеблото на парчиња.
Помалите гранки како на слика 18 (A=насока на
сечење при разголување, B=чувајте ги
понастрана од земјата!
Гранките за потпор оставете ги додека стеблото
да биде исечено на парчиња), сечете ги од долу
нагоре со еден засек. Гранките што се под напон,
треба да бидат сечени од долу нагоре, за да се
избегне заглавување на пилата.
Скратување во должина на стеблото
Под овој поим се подразбира делењето на
исеченото дрво на парчиња. Внимавајте на тоа,
да стоите сигурно и да имате рамномерна
распределба на вашата телесна тежина на двете
нозе. Доколку е можно, под стеблото би требало
да лежат или стеблото да биде потпрено на
гранки, трупци или клинови. Следете ги
едноставните упатства за лесно сечење.
MK
67

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

45.002.13

Inhaltsverzeichnis