Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch Heavy Duty GCM 305-216 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 290

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
290 | Македонски
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (22):
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (19) и свртете ја масата за пила
(14) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
Поставување на саканите хоризонтални агли на
закосување (види слика K)
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во опсег од 48° (на левата страна) до 48° (на
десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е
затегнато.
– Повлечете ја рачката (19) и истовремено притиснете
ја стегата за фиксирање (17), додека таа не се вклопи
во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила (14) со држачот налево или
надесно додека агломерот (58) не го покаже саканиот
хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
– За повторно да ја олабавите рачката (19) (за
поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (17) скокнува назад во
првобитната позиција и рачката (19) може повторно
да се вклопи во жлебовите (22).
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува
во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни
позиции за агли од 0°, 22,5° и 45°.
– Осигурете се, дека тркалото за стегање (45) е
монтирано (види „Монтирање на тркалото за стегање
(види слика A2)", Страница 287).
1 609 92A 8HY | (24.03.2023)
Поставување на вертикални стандардни агли на
закосување (види слика L)
– Извлечете ја подесливата гранична водилка (28)
целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
– Олабавете го тркалото за стегање (45).
– Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и
фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот
десно
на закосување (лево и десно).
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево
или десно, се додека агломерот (30) не го покажува
15°; 22,5°; 30°; 45°
посакуваниот вертикален стандарден агол на
закосување.
– Свртете го лостот за блокада (46). Лостот за блокада
мора осетно да се вклопи во положбата на саканиот
стандарден вертикален агол на закосување.
– Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Поставување на вертикален агол на закосување
– Извлечете ја подесливата гранична водилка (28)
целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
– Олабавете го тркалото за стегање (45).
– Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и
фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот
на закосување (лево и десно).
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево
или десно, се додека агломерот (30) не го покажува
посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Секогаш затегнувајте ги копчето за
u
фиксирање (18) и тркалото за стегање (45) пред
сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
Вклучување на работното светло
Работното светло ја подобрува видливоста на
непосредното работно место. Може да постигнете
особено добри резултати од сечењето со користење на
работното светло заедно со ознаката на линијата за
сечење со ласерските зраци.
– Вклучете го работното светло со прекинувачот (5).
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување (види слика M)
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете
ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) и држете го притиснат.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis