Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 18V-28 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 161

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Доколку сечилото за пила (1) не се блокира, свртете ја
чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на
стрелката, додека не се блокира во отворена позиција и
не се слушне кликнување. Потоа уште еднаш притиснете
го сечилото за пила во прифатот за сечило за пила (4).
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
u
за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
Исфрлање на сечило за пила (види слика B)
При вадењето на сечилото за пила држете го
u
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во
правец на стрелката. Сечилото за пила (1) ќе се исфрли.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Начини на работа
Вклучување/исклучување осцилации
Осцилациите овозможуваат оптимално прилагодување
на брзината, капацитетот и сликата на сечење на
материјалот што се обработува.
Доколку е можно, променете ја поставката на осцилации
пред да го вклучите електричниот алат.
Вклучете ги осцилациите за работа во меки
и средно тврди материјали (на пр. лесни
градежни материјали, изолационен
материјал, меко дрво, дрво и обоени метали,
тврдо дрво, пластика).
Свртете го лостот за подесување осцилации (9) надолу.
Bosch Power Tools
Исклучете ги осцилациите за чисти рабови
за сечење и за работа во тенки или тврди
материјали (на пр. лим, челик).
Свртете го лостот за подесување
осцилации (9) нагоре.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (види слика C)
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (7) на лево. Потоа притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и
држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Потоа
притиснете ја блокадата при вклучување (7) повторно на
десно.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Македонски | 161
1 609 92A 8A4 | (20.09.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis