Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSI 14 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 134

Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1845-003.book Page 134 Tuesday, March 17, 2015 9:53 AM
134 | Македонски
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Повратниот удар е ненадејна реакција како последица
на заглавен или блокиран ротирачки алат што се
вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани
четки итн. Заглавувањето или блокирањето
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот
електричен апарат се забрзува наспроти правецот на
вртење на алатот што се вметнува на местото на
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што
се обработува може да се закачи и така да ја скрши
брусната плоча или да предизвика повратен удар.
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни
прописни мерки, како што е опишано подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила. Секогаш
користете дополнителна дршка, доколку постои, за
да имате што е можно поголема контрола над силата
од повратниот удар или реакциските моменти при
работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот
може со соодветни мерки на претпазливост да го
совлада повратниот удар или реакциските сили.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на
ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се
вметнува може да ви избега од рацете.
 Со вашето тело избегнувајте го полето каде
електричниот апарат се движи со повратен удар.
Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во
правец спротивен на движењето на брусната плоча на
местото на блокирање.
 Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
 Не користете синџирести или запчести листови за
пила. Таквите алати за вметнување честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на
контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење со
брусна хартија
 Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
1 609 92A 180 | (17.3.15)
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
 Електричниот апарат секогаш користете го со алат
што се вметнува. Работата без алат за вметнување е
опасна и може да доведе до повреди.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење на суви
материјали, структурирање, сатинирање и матирање на
метални површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Блокада за вретеното
2 Шраф за заклучување на заштитната хауба
3 Копче за контрола на бројот на вртежи
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis