Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GBH 4-32 DFR Professional Originalbetriebsanleitung Seite 140

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBH 4-32 DFR Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
140 | Македонски
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика B)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
C)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика D)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1).
– Држете го цврсто затезниот прстен (16) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (15) во правец на ознаката RELEASE, AUF.
– Вметнете го алатот за вметнување во
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
Држете го цврсто држачот на брзозатегнувачката
заменлива глава за дупчење (16) и свртете ја предната
чаура (15) во насока на ознаката GRIP, ZU
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (15) во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (7) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика D)
– Држете го цврсто затезниот прстен (16) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (15) во правец на ознаката RELEASE, AUF.
– Извадете го алатот за вметнување.
1 609 92A 70G | (29.03.2022)
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на режимот на работата свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во
саканата позиција „Дупчење".
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи (7)не се
вклопува.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gbh professional 4-32 dfr3 611 c32 1

Inhaltsverzeichnis